Зошто не треба да спиете со вклучен вентилатор во собата?
Како што времето се затоплува, така и спиењето навечер станува потешко и лепливо и многумина што не поседуваат клима-уред паѓаат во искушение да го вклучат вентилаторот додека спијат.
Тешко е да се спие на жештината, а експертите проценуваат дека оптимална температура на телото во текот на спиењето е помеѓу 16 и 18 степени.
Но, вклучувањето на вентилатор додека спиете може да направи да се чувствувате полошо.
Алергиите, астмата и сувите очи можат да бидат дополнително изиритирани од вентилаторот кој покрај тоа што ја симнува температурата во собата, исто така, дува и прашина и полен наоколу.
Затоа за некои луѓе подобро е да не ги вклучуваат воопшто вентилаторите дома, особено не додека спијат.
За полесно да се справите со спиењето во жешкото лето, добро решение би било да се чува собата заштитена од сончевите зраци преку ден и добро да се проветри пред легнување. Исто така, треба да се избегнува пиење на кафе и алкохол и да се пие само вода пред легнување.
Многумина можеби сепак ќе се решат за вентилаторот додека спијат, бидејќи покрај тоа што ги разладува, им нуди и пријатен вибрирачки звук кој ги заспива. Сепак, треба да се знае дека вентилаторот може да доведе до алергиски реакции, астматични напади, сува кожа, иритирани синуси и болки во мускулите.
Постојаното дување на сув воздух на кожата може да доведе до дополнително сушење на истата. Некои луѓе спијат со очите делумно затворени, па така вентилаторот може да доведе и до сушење на очите и иритација.
Исто така, некои луѓе спијат и со отворена уста, па со вентилаторот може да се предизвикаат проблеми со синусите, бидејќи телото ќе креира дополнителна слуз за да се бори со сушењето од вентилаторот.
Забележете колку прашина има насобрано на перките од вентилаторот, целата таа прашина се дува кон вас кога ќе го вклучите вентилаторот, а тоа предизвикува алергии.
Студениот воздух којшто постојано удира во вашето тело може да направи да се затегнат мускулите и утрото да се разбудите вкочанети или со грчеви и болки во мускулите.
Најдобро решение е да ги држите прозорците и завесите затворени преку ден. Доколку имате надворешни ролетни, затворете ги за да спречите загревање на стаклата на прозорците.
Истуширајте се и напијте се вода пред спиење и носете лесна облека.
(О)Милена | Црнобело