Зошто треба да избегнувате да спиете на каучот во дневна соба?
Доаѓате дома од работа или од предавање, и се „фрлате“ во прегратката на каучот во дневната соба. Во тој момент, оваа одлука веројатно делува како најкорисна и најпаметна, бидејќи на вашето тело очајно му треба одмор.
Но, ако погледнете малку подлабоко зад историјата на овие удобни места за седење, јадење, спиење па и водење љубов... па, ќе сфатите дека и не е баш најсовршеното место за повеќето од споменатите активности.
Да не го споменуваме моментот кога се будите со вкочанет врат, грч во ногата или „исцртана“ и отрпната рака врз која сте лежеле сето време од вашата слатка, удобна сиеста.
Причините зошто не треба да спиете на каучот во дневна доба се многубројни, а следните се оние најбитните и најчестите зошто луѓето сé почесто го одбираат креветот во спалната соба:
Каучите не се секогаш чисти
Односно, не се никогаш чисти. Ова е местото на кое седнувате со вашите нозе качени горе (боси или со чорапи, во собните папучи...неважно – бактериите и прашината се насекаде), местото каде што го оставате мобилниот телефон, лаптопот, книгата, послужавникот со храна... Тоа се еден куп бактерии кои чекаат да се „всадат“ некаде.
Прекривките кои ги користите за декорирање на каучот или за негова заштита не вршат многу работа, бидејќи и тоа совршено лесно собираат прашина, па положувајќи ја вашата глава врз нив или украсните перници може само да ја иритира вашата кожа и лицето.
Мекоста на каучот не секогаш значи удобност
Да, повеќето од нас уживаат да се „тегнат“ на мекиот кауч, но ова не секогаш е добро за вашиот грб. Оние кои работат цел ден стоечки, или пак кои поминуваат по осум часа во седечка позиција секогаш треба да се стремат да го одмораат својот грб и `рбетот.
Мекиот кауч скоро никогаш не нуди тврда подлога, а токму тоа е она што му е потребно на вашиот грб за да се опуштат грбните мускули и да се ослободат притиснатите нерви.
Температурна разлика
Креветите во спалните соби се направени од посебен материјал кој ја спречува високата температура со цел да ви овозможи удобен и свеж сон.
Од друга страна, кога заспивате на каучот, дури и ако ви е пуштена климата или вентилаторот, температурата од вашето тело не може да „избега“, што значи дека истата циркулира низ вашето тело и се задржува на перниците и душекот од каучот.
За да се одморите добро, подобро жртвувајте уште некоја минута откако ќе се вратите дома за да се пресоблечете и удобно да се сместите во вашиот кревет во спалната соба, наместо да се разбудите со болки во вратот или испотени.
еНВи | Црнобело