18 здрави навики одобрени и практикувани од сестрите Кардашијан
Секако, сестрите Кардашијан имаат направено голем број на избори кои не ги сметаме за најздрави, но кога се работи за фитнес рутините и исхраната – им нема конкуренција.
За себе го сакаат само најдоброто, знаат да се одржат во форма, па ако решите да ги следите нивните стапки, треба да почнете да ги практикувате овие 18 здрави навики:
- Вежбајте 5 до 6 дена во неделата, од 60 до 90 минути.
- Променете ја рутината за вежбање – еден ден практикувајте прескокнување пречки, друг јога, трет трчање.
- Запишете ги вашите фитнес достигнувања и желби.
- Наполнете ја чинијата со зеленчук.
- Намалете го внесот на обработена храна.
- Не прескокнувајте го сонот. Важно е да го почнете денот добро наспани.
- Игнорирајте ја бројката на вагата, сè додека се чувствувате здраво и силно.
- Не се плашете од мастите.
- Почнете го денот со протеини како јајца, авокадо или овесна каша.
- Намалете со белиот леб, тестенините и оризот.
- Користете го вежбањето како анти-стрес терапија.
- Експериментирајте со авокадо – така ќе бидете многу посити.
- Јадете го она што ви е вкусно, но внимавајте на големината на порцијата.
- Откажете се од „празните калории и шеќери“ во облик на нездрава храна и слатки.
- Консумирајте протеини и по вежбањето.
- Не заборавајте да пиете МНОГУ вода.
- Имајте однапред подготвени здрави грицки и ужини во фрижидерот.
- Правете здрави избори и кога јадете надвор.
М. Д. | Црнобело