5 причини зошто треба да ја направите ласерската корекција на диоптрија ова лето
Кога доаѓа летниот период сите мислиме само на едно нешто - одмор, плажа, сонце! Сакаме да поминуваме повеќе време надвор, а за тоа и те како ни се потребни очила за сонце кои не штитат од силните ултравиолетови зраци.
Кај лицата со диоптрија носењето на очила во летниот период и не е едноставна работа. Некои носат очила за сонце врз диоптриски очила, некои се одлучуваат за очила за сонце со диоптриски стакла, а други пак кои не сакаат ограничувања и навики во животот, одат чекор напред и се одлучуваат за ласерска корекција на диоптрија.
Летниот период е совршен за ласерската корекција на диоптрија. Неколку причини зошто е тоа така:
1. Може да пливате и дa нуркате без ограничување
Пливањето со контакни леќи и очила не е лесно, а нуркање не доаѓа во предвид. Контакните леќи прават микропукнатини на окото, во кои може да навлезе паразитот акантамеба и да предизвика воспаление на рожницата, чие лекување е тешко и долготрајно.
После само еден месец од ласерската корекција на диоптрија може да уживате во овие активности.
2. Патувајте без дополнителни очни помагала
Сите знаеме дека патувањето со контакни леќи или очила подразбира резервен пар на очила и контакни леќи, како и дополнителни елементи кои одат со нив. Ако ја направите ласерската корекција на диоптрија, единствено на кое ќе треба да мислите кога патувате е колку пара очила за сонце да понесете со вас.
3. Летни игри – bring it on!
Без разлика дали имате конкуретен дух, или само ви е забавно, постои една универзална вистина кога станува збор за спорт – winning feels good. Со очилата не можете да го дадете максимумот од себе, бидејќи треба да ја следите топката и воедно да внимавате да не ги скршите очилата. Контакните леќи се сушат и го иритаат окото. И во двата случаи, треба да внимавате на песокот кој лесно се лепи, а тешко се отстранува. Ласерската корекција на диоптрија ќе ви ги реши овие проблеми и ќе можете полесно да се фокусирате на играта и да бидете најдобра верзија од себе.
4. Смирете ги летните алергии
Контакните леќи дополнително влијаат на сувоста и иритација на очите која веќе настанува како последица на алергијата. Исто така, контакните леќи поради честото чешање на очите, може да напукнат и да се преполоват на два дела. Ласерската корекција на диоптрија не ја лечи алергијата, но барем кога ќе ви се појават симптомите на алергија нема да имате мака со очила и контакните леќи.
5. Заштедете со летните попусти
Летото е период на трошење пари, но и заштеда! Ласерската корекција на диоптрија е на попуст до крајот на август во „Систина Офталмологија“. Направете преглед, донесете одлука и потоа ви останува само да го договорите датумот на интервенцијата и да се организирате за престојниот одмор.