Tактики за манипулација карактеристични за социопатите
Лажат и преувеличуваат
Оваа особина лесно се забележува кога ќе сфатите дека некои нешта си ги припишуваат себе, на пример смешна досетка која ја кажал некој друг, но тие ја презентираат како своја.
Ако се обидете да коригирате, ќе излезе дека имате лоша меморија или уште полошо, дека лажете. Збунувачки е, но тоа е само мал дел од процесот на манипулација и заслепување.
Не знаат за каење
Свесни се дека грешат, но како би останале доследни на себе ако гласно признаат? Непризнавањето на грешките и нивното прикривање ги прави лоши личности, кои не се грижат за тоа дали и колку повредуваат некого со своите постапки.
Дури и кога имаат краток повик од совеста, умеат да го „убијат“ сето тоа и да се вратат на типичното однесување.
Користат празни закани
За да ве задржат под своја контрола, дискретно ќе ви се заканат дека ќе откријат некоја чувствителна информација за вас. Од друга страна, прават да мислите дека доколку вас ве нема, нивниот живот ќе биде празен и бесмислен, а некои одат дотаму што ви велат дека ако се повлечете, ќе зажалите или пак, дека ќе си наштетат себе, па дури и се закануваат со самоубиство.
Но, во овој случај треба да бидете и внимателни, бидејќи можеби си имате работа и со поранлива личност од вас, која навистина може да си наштети доколку ја напуштите. Овој признак, во комбинација со останатите, ќе ви помогне да процените со каква личност си имате работа.
Користат напумпани техники за убедување
Гледајте на социопатите како мултилевел продавач на стероиди. Тие ќе ве убедат да ја „купите“ нивната приказна, па и да барате уште и пак да не ви е доста. На пример, наместо да ви речат дека уживале во вашето друштво, тие ќе користат зборови како вие сте исклучителна личност без која не можат да си го замислат животот.
Да, ќе го кажат истото со поубави зборови, но сетете се само на ситуацијата кога купивте скап кармин поради добра реклама, а со идентични карактеристики на оној кој е неколкукратно поевтин.
E. Д. | Црнобело