Tактики за манипулација карактеристични за социопатите

Иако соочувањето и справувањето со социопатите не е нешто што го правиме секој ден, потребно е да се научат најосновните техники за првично, да можеме да регистрираме дека сме цел на нечија манипулација, а потоа и да се избориме против тоа.

taktiki-za-manipulacija-karakteristichni-za-sociopatite-01.jpg

Постојат различни форми на манифестирање на социопатската состојба, но според психолозите, едно е заедничко за сите - тие сакаат да искористат сè што можат во другите, само за лична цел.

За жал, не секој може веднаш да забележи дека е жртва на социопат и може да биде манипулиран и користен на многу начини, вклучувајќи и емоционално и финансиски. Никој не сака да биде манипулиран, па затоа е потребно да се совладаат неколку техники за да може да се заштитиме да бидеме жртва на таква личност.

Tактики за манипулација карактеристични за социопатите:

Тие ве опсипуваат со љубов и приврзаност

Во процесот на придобивање, тие ќе ве бомбардираат со својата приврзаност, лојалност и чисти чувства. На тој начин ќе ве разоружат и ќе го „спуштат“ вашиот штит, по што ќе станете лесен плен за манипулација.

Во овие случаи, верувајте ѝ на интуицијата, наместо на промислениот дел од вас, кој лесно може да биде излажан од ласкавото однесување.

Многу се шармантни

Шармот им доаѓа природно. Пријатни се со децата и умеат да ги забавуваат сите во просторијата. Но, доколку обрнете внимание, ќе забележите дека безрезервно го прават тоа со сите присутни, нешто што е практично невозможно бидејќи на ниту еден човек во светот не му се допаѓаат сите останати.

Но, шармот за нив е најлесниот начин да „уловат“ некого во својата стапица.

Целат кон емотивно кршливи личности

Ќе влезат во друштво и ќе се обидат да се спријателат со сите. Со едни ќе им успее, со други не. Но, нивен плен се токму оние кои ќе покажат емотивна нестабилност и кршливост.

Ја избираат личноста која има најмала самодоверба, која преживеала траума или била на некој начин искористена или злоупотребена. Потоа, ја вклучуваат својата безрезервна поддршка и им влегуваат под кожа.

Знаат како да ве вратат во колосек

Тие имаат некоја магична способност да ве „вратат во живот“ по некоја немила случка и да ви покажат дека сте важни некому. Дури и кога ќе станете сомничави во врска со стабилноста на вашето пријателство, ќе најдат начин уште повеќе да ви се „закачат“, презентирајќи лажна љубезност.

Обидете се да не паѓате на тоа, колку и да сте во моментот ранливи.

Умеат уверливо да се извинат

Ако направат грешка, во извинувањето ќе вметнат сè што вие сакате да чуете. Така создаваат илузија на искреност, па ранливите личности ќе го изигнорираат злобното однесување и ќе го прифатат извинувањето.

Но, дури ни социопатите и манипулаторите не се совршени личности, ниту можат тоа да го одглумат, па однесувањето често не е во склад со она што го зборуваат.

Уште 4 карактеристики на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg