Проблеми со кои може да се соочите ако ослабете многу за краток период

Кога еднаш цврсто ќе се решите да слабеете и да направите промени во животниот стил, возбудата и желбата за тоа може многу да ве понесе.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-01.jpg

Секако, кога веќе сте тргнале по тој пат, сакате многу брзо да видите резултати, за да се мотивирате уште повеќе.

Но, брзото слабеење може да донесе до повеќе проблеми отколку решенија, за кои можеби не сте ни свесни.

Ова се неколку најважни причини заради кои ќе треба да го забавите темпото:

Може да почнете да губите мускул наместо масти

Секое тело функционира различно и не може сите да се водат по исти режими за исхрана и вежбање. Можеби вашето тело гори многу повеќе калории, па ако го намалите внесот на калории, телото нема да има избор и ќе се фокусира на други извори покрај мастите.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-02.jpg

Може да се чувствувате прегладнети

Не секој случај значи дека ќе стигне толку далеку, но постои опасност од строгите диети кои водат до екстремно изгладнување, а недоволниот внес на витамини може да предизвика сериозни последици.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-03.jpg

Може да дехидрирате

Секојпат кога правите радикални промени во навиките за исхрана кои вклучуваат рестрикција на внес на калории, прво што губите е течноста од телото, па затоа е важно да не заборавате да внесувате вода и течности.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-04.jpg

Може да бидете изморени постојано

Недостатокот на хранливи состојки кој се појавува со брзото слабеење, може да има директен ефект на вашиот замор.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-05.jpg

Може да имате непријатни дигестивни проблеми

Гадењето, дијареја, повраќање, запек и болка во стомакот се проблемите кои може да ве мачат при брзото слабеење, бидејќи го нарушувате начинот на работа на дигестивниот систем кој очекува да вари нешто што го нема.

problemi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-ako-oslabete-mnogu-za-kratok-period-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg