Непријатни прашања за вагината + одговорите кои секоја жена сака да ги знае
Колку и да се зборува, или, пак, да се практикува сексот, на припадничкиот од понежниот пол им е честипати срам да постават одредени прашања. Особено за сопствениот полов орган.
Меѓу одговорите кои на девојките им е незгодно да ги побараат, вообичаено спаѓаат оние за „нормалниот“ интимен мирис, потоа иритацијата на вагината после односот, па „влажниот“ женски оргазам, како и игрите со храна во постелата.
Ова се четирите непријатни прашања за вагината и одговорите што секоја жена сака да ги знае:
Зошто после односот чувствувам иритација на вагината?
Алергијата на латекс од презервативите може да предизвика иритација на слузницата од половиот орган. За да го потврдите, или, пак, елиминирате ваквиот причинител, обидете се да користите полиуретански кондоми кои не содржат латекс.
Сувоста на вагината за време на сексот, исто така може да доведе до иритации. Во таквите случаи, користете лубрикант и обратете се на гинеколог, како би ги избегнале потенцијалните инфекции.
Како (не) треба да ми мириса половиот орган?
Прашањето за интимниот мирис најчесто ги измачува жените, иако мошне ретко го поставуваат. Прво, природниот мирис на вагината не е налик на цвеќе, како што многумина очекуваат или посакуваат. На него влијаат и консумираната храна, односно пијалаците кои ги внесувате во телото.
Она што не е нормално е интензивниот киселкаст мирис на вагината, кој може да биде симптом за габична инфекција. Тешкиот мирис на риба, пак, повремено е показател за различни вагинални инфекции.
Никогаш не се обидувајте да го замаскирате или промените природниот мирис, употребувајќи средства за лична хигиена и парфеми. Така може да предизвикате сериозни иритации и инфекции на вагиналната слузокожа.
Смее ли да си играм со храна во кревет?
Во текот на интимните односи, мноштво парови го зачинуваат сексот со храна. Ова може да биде забавно и возбудливо. Сепак, клучна работа е каде точно на телото се ставаат намирниците.
Мачкањето со чоколаден прелив или шлаг нема да ѝ наштети на кожата. Меѓутоа, никогаш не внесувајте храна внатре во вагината, бидејќи така ризикувате да добиете инфекција.
Нормално ли е да „мокрам“ при постигнувањето оргазам?
Во моментот кога задоволството доживува кулминација, некои жени се прашуваат зошто им се „испуштила“ урина од вагината. Всушност – не станува збор за урина. Тоа е течност што жлездите ја лачат околу мочниот канал за време на оргазмот.
Одредени пози во сексот, како што е мисионерската положба, може да доведат до притисок во ова подрачје, што пак го предизвика несаканото „протекување“. Ваквата појава се нарекува и „женска ејакулација“.
Се случува само кај дел од жените, сосема е природна и не претставува причина за грижа. Доколку, пак, редовно мокрите во креветот, тогаш веројатно во прашање е инконтиненција, поради што се советува јакнење на мускулите со вежби, како и задолжителна посета на доктор.
М. А. | Црнобело