Природни пијалаци за регулирање на балансот на хормоните

Стресот и модерниот начин на живеење може да предизвикаат нарушување на балансот на хормоните. Иако ако дојде до нешто такво најдобро е да посетите интернист и ендокринолог, можете да си помогнете и на природен начин.

prirodni-pijalaci-za-reguliranje-na-balansot-na-hormonite-01.jpg

Следниве три пијалаци се целосно природни и единствено што може да се случи е вашето тело да се стабилизира, а со тоа и целиот ендокринолошки систем.

Обидете се, ништо не губите:

Топла вода со лимон

Оваа мешавина помага при намалување на телесната тежина, но и ги отстранува отровите во телото, го подобрува имунитетот, ја прави кожата посјајна, а варењето на храната е многу полесно.

Лимонот влијае врз хормонот на ситоста - лептинот. Ако тој е надвор од рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Благодарение на млаката вода со лимон, ќе внесете доволно течност во телото и ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем.

Секое утро пијте еден исцеден лимон разблажен со 250 милилитри млака вода. Најдобро е да пиете кога сте гладни, но доколку од некоја причина не можете, добро е да го испиете и во кој било дел од претпладнето.

prirodni-pijalaci-za-reguliranje-na-balansot-na-hormonite-02.jpg

Чај од лист од малина

Листовите од малина се народен лек за зајакнување на мускулите на ѕидовите на матката во многу традиции. Но, со ова се согласува и фитофармацијата. Ваквиот чај е одличен за одржување на женското здравје, а според народните убедувања, жените кои редовно го пијат ќе имаат полесно породување.

Потребна ви е една лажичка исушени листови од малини, набрани од чисто место и 200 милилитри зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути и пијте во текот на денот, не пред спиење.

prirodni-pijalaci-za-reguliranje-na-balansot-na-hormonite-03.jpg

Златно млеко

Златното млеко е пијалак што го подобрува имунитетот, ги балансира хормоните и му помага на организмот да се ослободи од задржаните течности.

Основна состојка е куркумата, зачин со широко дејство врз општата здравствена слика. Според ајурведската медицина, куркумата ја подобрува циркулацијата и правилното „распоредување“ на излачените количини естроген.

Во 200 милилитри топло млеко додајте половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло. По желба, можете да додадете мед или цимет. Пијте навечер, пред спиење.


Сите три пијалаци можете да ги консумирате во текот на еден ден и тоа започнувајте го утрото со водата со лимон, околу пладне испијте го чајот од лист од малина, а навечер испијте го млекото.

prirodni-pijalaci-za-reguliranje-na-balansot-na-hormonite-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg