8 проблеми на кои се склони луѓето кои работат во канцеларија
-->
Удобна столица, добар компјутер, клима која ја одржува канцеларијата ладна и можност да јадете за време на работните часови – сите овие работи ја прават работната околина попријатна за вас.
Но, сепак многубројни истражувања докажале дека не сите навики кои ги имате во канцеларија се добри, а и дека постојат ризици од повеќе заболувања доколку работата ве врзува за канцеларија.
-->
Во продолжение погледнете кои се тие заболувања и имајте ги на ум постојано, со цел да се обидувате превентивно да реагирате и колку што е можно да го намалите ризикот за појава.
Болки во грбот и зглобовите од долго седење
Како да спречите?
- На секој половина час станувајте да се размрдате низ канцеларија
- Држете го исправено телото додека работите
Синдром на суво око од предолга работа на компјутер
Како да спречите?
- Светлината на компјутерот не треба да ги заморува очите
- Клима уредот не треба да дува директно во вас
- На 20 минути обидувајте се да гледате во предмети кои се на поголема оддалеченост и трепкајте активно за да не се суши мембраната
- Користете посебни капки за навлажнување
Проширени вени од неудобна положба на нозете
Како да спречите?
-->
-->
- Не носете цело време штикли (или носете си ниски чевли за менување)
- Не ги држете нозете прекрстени
- Одете редовно на масажа или лежете со нозете кренати на ѕид по работен ден
Карпал тунел синдром од неудобно држење на дланките и виткање на зглобовите
Како да спречите?
-->
- Тастатурата наместете ја во висина соодветна за дланките да не ви се свиткани
- Користете глувче така што раката нема да ви виси туку ќе ви биде потпрена на биро
- Истегнувајте ги дланките и размрдувајте ги зглобовите кога долго повторувате исти движења
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот
Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“
На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.
На пра...
Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете?
Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депреси...
8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив)
Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат)
Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де...
На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.
На пра...