Дилеми: Дали може да го загрозиме своето здравје со употреба на туѓ сапун?

Дали кога сте во јавен тоалет или некаде на гости, се плашите да се измиете раце со обичниот, цврст сапун, бидејќи мислите дека ќе ви се пренесат бактериите од секој кој се измил пред вас? Или пак, се нервирате и замерувате доколку некаде нема достапен течен сапун, за да можете да ги измиете рацете?

dilemi-dali-mozhe-da-go-zagrozime-svoeto-zdravje-so-upotreba-na-tugj-sapun-01.jpg

Не грижете се, ситуацијата не е толку страшна колку што ви изгледа на прв поглед.

Кога правилно се користи цврстиот сапун, не постои ризик за контаминација. Колку луѓе и да се измиле пред вас, најголем дел од бактериите на површината на сапунот се или уништени или измиени со самото растопување. Така, ризикот да дојдете во допир со нив е речиси невозможен.

Стариот експеримент со важечки резултати и денес

Ова прашање ги мачело луѓето и во минатото. Затоа, во далечната 1965 година е спроведен научен експеримент, кога учесниците намерно ги контаминирале своите дланки со најразлични бактерии, а потоа ги миеле со обичен сапун и топла вода. Веднаш потоа, истиот сапун го користеле луѓе со чисти раце. При проверката, не било забележано пренесување на бактериите кај нив преку сапунот.

Оваа студија се повторува периодично и во денешно време и резултатите не се измениле во ниту еден момент, дури и кога се работи за бактерии како што се ешерихија коли или стрептококи и стафилококи. Со тоа, може да се заклучи дека шансите да се заразите преку претходно користен сапун се практично невозможни.

dilemi-dali-mozhe-da-go-zagrozime-svoeto-zdravje-so-upotreba-na-tugj-sapun-02.jpg

Течен или цврст сапун?

Дебатата поврзана со ова прашање не е тоа дали сапунот, било да е течен или цврст, може да биде контаминиран, бидејќи тоа се подразбира. Прашањето е дали малиот број бактерии кои остануваат на површината на цврстиот сапун, или оние кои се задржуваат на пумпицата на течниот, може да бидат опасни за вас.

Сепак, експертите за лична хигиена тврдат дека нема никаква скриена опасност во овие сапуни и дека во нормални услови, никогаш не можете да имате 100% стерилни раце и дланки. Затоа, секогаш е подобро да ги измиете рацете, макар и со обичен цврст сапун и ладна вода, отколку воопшто да не го направите тоа плашеќи се од можните останати бактерии на неговата површина.

Доколку уште не сте сигурни, секогаш можете да имате во својата чанта антибактериски гел за дезинфекција и да го користите дополнително по миењето на рацете со сапун и вода.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg