5 трикови како да ги избркате комарците од вас
По вежбањето веднаш влезете под туш и престанете со употребата на парфеми со слатка мирисна нота.
Комарците не само што се здодевни, туку се и опасни. Тие може да пренесат некои болести.
Наједноставните трикови за заштита од комарци:
Контролирајте ги или елиминирајте ги изворите на вода во домот
Без разлика дали тоа е базенот во дворот или отвореното тенџере со вода, најдобро е да се ослободите, затоа што токму тука комарците ги положуваат своите јајца.
Користете ја магијата на босилекот и маслото од лимон и еукалиптус
Природните методи за одбрана од комарците се најдобри, затоа што некои креми може да ви предизвикаат алергии. Обидете се со босилек и масло од лимон и еукалиптус.
Не ставајте продукти за убавина со слатки мириси
Лосионите за тело, спрејовите за коса и парфемите со слатки и цветни мириси ќе ги привлечат комарците кон вас. Наместо ова, ставајте продукти за убавина без мирис.
Носете светла облека со долги ракави од лесни материјали
Комарците ги привлекуваат темните бои, па светлата кошула ќе ви ја намали шансата да бидете каснати. Избегнувајте црно, црвено и темно сино, особено навечер. Облеката со долги ракави, се разбира, е најсигурното решение.
Измијте ја потта од вас
Потта е привлечна за комарците и хемикалиите што при вежбањето ги произведува телото на човекот. Затоа веднаш по вежбањето влезете под тушот.
С. С.| Црнобело