Зошто секогаш треба да спиете на страна, а не на грб или стомак?
Не постои ништо полошо од тоа да си легнете навечер за да се одморите, а следното утро да се разбудите уште поуморни.
Независно дали ќе ве мачи ‘рчење, проблеми со дигестија и слични „ситници“ кои може да бидат причина за немирен сон – можат да се решат со менување на начинот на спиење.
Ако досега сте спиеле на грб или стомак, сега експертите за здравје и сон советуваат да спиете на страна.
Со тоа може да постигнете многу бенефити, иако можеби не би помислиле дека и тоа има улога.
Погледнете зошто треба да спиете на страна:
Полесно дишење
Оние кои ‘рчат или имаат проблеми со белите дробови и дишењето, може многу да си олеснат ако спијат на страна.
Проблеми со срце и желудник
Спиењето на страна (десна) исто така им помага на оние кои имаат проблеми со срцето и желудникот, бидејќи така си создаваат олеснување во тој дел.
Мозок
Ако спиете на страна може дури да имате корист и за мозокот, со оглед на тоа што ќе се подобри неговата работа и функција во текот на ноќта.
Трудници
Во едно истражување се докажало дека оние трудници кои спиеле на лева страна имале помала можност да искусат раѓање на мртов плод, во споредба со оние кои спиеле на грб или на десна страна, но сепак, за ова е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.
М. М. | Црнобело