Една карактеристика покажува дали вашиот мозок е здрав

Со мала самоанализа ќе откриете дали вашиот мозок е здрав и во добра форма.

edna-karakteristika-pokazuva-dali-vashiot-mozok-e-zdrav-01.jpg

Чувствувањето помлади од што навистина сте е знак за добро здравје на вашиот мозок.

Научниците со анализирање на снимки од скенирање на мозоци дошле до резултатот дека луѓето кои се перцепираат себеси како помлади, имаат повеќе сива материја во критичните реони на мозокот, што е симбол за здрав мозок.

Сивата материја има голем број функции во мозокот, меѓу кои и негово чистење од вишокот хемикалии и транспорт на гликоза.

Истражувањето, исто така, покажа дека тие кои се чувствуваат помлади имаат и подобра изведба на тестовите за меморија и помал ризик за развивање на симптоми на депресија.

edna-karakteristika-pokazuva-dali-vashiot-mozok-e-zdrav-03.jpg

Професорот Jeanyung Chey заклучува дека луѓето кои се чувствуваат помладо имаат мозок со структурни карактеристики на помлад мозок од типичниот за нивните години.

Па, така ако се чувствувате постари од што навистина сте, научниците препорачуваат да го промените начинот на живот, навиките и активностите кои може да придонесат за предвремено стареење на мозокот.

edna-karakteristika-pokazuva-dali-vashiot-mozok-e-zdrav-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg