Пет лековити зачини кои треба повеќе да бидат дел од вашата исхрана

Познато е дека зачините имаат благотворно дејство за организмот на човекот, па затоа е потребно да ги употребувате во исхраната. Воедно, ќе го подобрите вкусот на сите готвени јадења, ладни предјадења и салати.

pet-lekoviti-zachini-koi-treba-povekje-da-bidat-del-od-vashata-ishrana-01.jpg

Сите знаеме дека внесувањето на разновидна храна богата со зеленчук и овошје позитивно делува и го подобрува здравјето, но исто така важно е внесувањето доволно количество на вода и секојдневната физичка активност.

Сепак, многу често забораваме дека постојат и некои намирници кои се исклучително здрави и би било добро да ги употребуваме при подготвувањето на оброците.

Станува збор за зачините кои имаат благотворно дејство врз човечкиот организам, независно дали станува збор за борба против алергија, превенција од развивање тумори или срцеви заболувања.

Куркума

Во светот позната како индиско злато, куркумата има силни медицински својства кои имаат моќ да ги елиминираат штетните метерии од нашето тело.

Но, она што е најважно кога станува збор за куркумата е дека ги подобрува мозочните функции и го спречува создавањето на кардиоваскуларни болести.

Исто така, помага при смирувањето на симптомите на артритис, Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Бибер

Овој зачин го подобрува варењето, ги намалува шансите за појавување на запек и други проблеми поврзани со дигестивниот систем. Досегашните истражувања покажале дека е добар и за превенција од канцерогени заболувања.

Со секојдневно внесување помага на лицата кои страдаат од депресија, оние што имаат висок крвен притисок, нарушена работа на штитната жлезда и проблем со зависност од цигари.

Цимет

Циметот најчесто се користи кога се подготвуваат слатки работи, а многу помага за намалување на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажале дека кај лицата кои боледувале од дијабетес тип 2, а секојдневно употребувале цимет, нивото на шеќер во крвта се намалило.

Циметот е исто така добар и за намалување на нивото на холестерол, а препораките се сите да го употребуваат бидејќи помага во превенцијата од карцином, срцев удар, но и при труење со храна.

Морско оревче

Овој ароматичен зачин содржи миристицин, етерично масло кое се наоѓа во билките како целер и морков. Научно е докажано дека го намалува нивото на холестерол, а помага и при анксиозност, позитивно делува на лицата кои имаат депресија, го подобрува памтењето и го зголемува либидото.

Ѓумбир

Зачин кој се употребува за олеснување и подобрување на варењето, ги ублажува желудочните тегоби и ја намалува надуеноста на стомакот, а исто така и спречува појавување на грчеви.

Освен тоа, тој има аналгетски, смирувачки и антибактериски својства, а поради антихистаминското дејство се употребува и во лечењето и превенцијата од алергии.

Идеален е за подигнување на имунитетот и ги ублажува симптомите на настинка.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg