Како да ја заштитиме детската кожа од сончевите зраци?

За време на топлите месеци радоста од сонцето е еднаква како за родителите, така и за децата. Родителите се тие кои треба да се погрижат за безбедноста на децата во текот на нивната игра.

kako-da-ja-zastitime-detskata-kozha-od-soncevite-zraci-01.jpg

Сите знаеме деке треба редовно да нанесуваме крем за заштита од сонце, за да ја заштитиме нежната детска кожа од негативото влијание на сончевите зраци. Но, дали навистина правилно се грижиме? Eucerin споделува со нас некои едноставни правила.

Колку лосион треба да нанесуваме:

Бидејќи кожата на децата е многу чувствителна, ризикот од сончеви изгореници кај нив е доста поголем. Децата треба да носат облека, којашто ќе ги штити од сонцето. Ако сепак кожата е откриена,  следниве правила можат да помогнат да ја заштитиме од сончеви изгореници:

Деца на возраст од 3–5 години:

Истиснете дебела линија лосион, долга колку средниот прст (или малку повеќе) на возрасен човек. Нанесете толкава количина на секој дел на телото (раце, нозе заедно со горниот дел на стапалата, стомак, грб, лице и врат, заедно со ушните школки). Кај децата помали од  5 години главата сеуште е поголема, затоа е потребно да се нанесе двојно поголема количина на лицето и вратот. Ако користите спреј, треба да прснете по 5 пати на секој дел. 

Деца на возрст од 6–10 години:

Истиснете дебела линија лосион по должината на показалецот и средниот прст на возрасен човек. Нанесете толкава количина на секој дел од телото. Ако користите спреј, треба да прснете по 7-10 пати на секој дел.

kako-da-ja-zastitime-detskata-kozha-od-soncevite-zraci-03.jpg

Златни правила за разумна заштита од сонце

  • Избегнувајте продолжено изложување на интензивното пладневно сонце во период од11–15 ч.
  • Нанесувајте обилно лосион за заштита од сонце пред излегување на сонце; нанесувајте повторно на секои два часа, особено после потење, пливање и бришење.
  • Не ги изложувајте бебињата и децата под 3 години на интензивна сончева светлина.
  • Прилагодете ја заштитата според типот на вашата кожа.
  • Користете производи со висок сонцезаштитен фактор и носете лесна облека, шапка и очила за сонце.
  • После пилинг и ласерски третмани, како и во случај на медикаментозна фоточувствителност, избегнувајте изложување на сонце и користете многу висок заштитен фактор од сонце (SPF 50+).
  • После изложување на сонце, на чиста кожа нанесете хидратантен лосион.
  • Ако имате прашања, обратете се на вашиот лекар или фармацевт.

kako-da-ja-zastitime-detskata-kozha-od-soncevite-zraci-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg