9 навики пред спиење коишто укажуваат на анксиозност

Дали имате специфични навики и ритуали коишто ги применувате пред спиење, но им се чудни на луѓето околу вас? Запознаени ли сте со фактот дека некои форми на анксиозност воопшто не ги попречуваат секојдневните активности? Некогаш, некои наши однесувања настануваат без воопшто да бидеме свесни дека нешто се случува во потсвеста, а тешко е да се препознае бидејќи функционираме најнормално.

9-naviki-pred-spienje-koishto-ukazhuvaat-na-anksioznost-001.jpeg

Проверете дали можеби ги применувате некои од овие навики пред спиење или пак, можеби сите девет, за да препознаете евентуална состојба на високо функционална анксиозност.

Одложување на одењето во кревет

Ако постојано си наоѓате изговори да не си легнете, можеби страдате од некаков вид анксиозност. Забележете дали кога се приближува времето за спиење вие започнувате активности како што се работење, готвење, капење или чистење.

Можеби анксиозноста не е поврзана со спиењето, но сепак постои нешто што не им дозволува на вашите тело и ум да се смират и одморат.

Проверување на алармите и по неколкупати

Колку пати ви се има случено да проверите дали алармот е наместен точно во времето кога треба да се разбудите? Колку пати тоа го правите откако веќе ќе ги изгаснете сите светла и ќе се покриете? Ако имате панична потреба да го проверувате алармот и да ги броите часовите и да пресметувате колку време имате за спиење, а колку за дневните активности, тоа може да биде последица на анксиозност.

Обидете се во моментот кога го местите алармот гласно да изговорите „Треба да се разбудам во 8 часот“. Така полесно ќе се сетите дали е вклучен будилникот откако ќе си легнете.

Постојани проверки во домот

Си легнувате, но не можете да престанете да мислите дали ставивте свежа вода за вашето милениче, дали сте заборавиле вклучена рингла или пак, отворен прозорец во друга просторија. Овие мисли укажуваат дека нешто се случува со вас и вашиот мозок, а особено ако се проследени со црни мисли (миленичето ќе умре без вода, ќе избие пожар или ќе провали крадец преку прозорецот), тогаш голема е веројатноста дека се работи за анксиозност.

Познато е дека анксиозноста предизвикува лоши мисли и претпоставки за најлоши сценарија, па доколку ова ви се случува пред спиење, потребно е да побарате помош.

Имате рутина од којашто не можете да се ослободите

Во принцип, хигиенските рутини пред легнување во кревет се одлични за вас, но проверете дали имате и друга навика која влијае на вашиот сон.

Дали ви е тешко да заспиете во друг кревет, освен во вашиот? Дали вашиот сон зависи од точно одредена активност, која ја повторувате секоја ноќ? Можеби вашето тело е под стрес и вие морате да ги примените овие рутини за да се ослободите од него.

Нервозни сте без технологијата

Дали гаснењето на светлата и исклучувањето на телевизорот ве прават нервозни? Надоместувате ли со бескрајна активност на социјалните мрежи? Иако ова не е знак на екстремна анксиозност, може да укаже на тоа дека или сте зависни од технологијата или не ви се допаѓа темнината, па мора да имате вклучен лаптоп или мобилен телефон сè додека не папсате за спиење.

Дајте им време и простор на телото и мозокот за да се ослободат од стресот и анксиозноста кои ги собираат поради брзиот животен стил.

Манијакално играње со своето тело

Доколку си играте со косата и/или со ноктите откако ќе си легнете, тоа може да биде предизвикано од вознемиреност и анксиозност. Размислете дали грицкате нокти, ги стискате акните и кубете влакна од косата откако ќе си легнете и обидете се да поврзете од што е предизвикано ваквото деструктивно однесување кон сопственото тело.

Репризирање на изминатиот ден

Уморни сте, речиси изнемоштени, но не можете да го смирите мозокот и постојано, како на видео-касета, го премотувате изминатиот ден или пак, уште полошо, настани од пред многу години.

Ова е честа појава речиси кај сите луѓе во светот, а за да си помогнете, треба да се сконцентрирате на убав спомен или сеќавање кои нема да го оптоваруваат вашиот мозок и ќе ви дозволат побрзо и полесно да се релаксирате. На тој начин ќе се ослободите од негативната емоција и полесно ќе заспиете.

Планирање однапред

Само што си легнавте и веќе почнавте да правите листа на задачи кои ќе треба да ги завршите следниот ден? Креветот не е место каде треба да го правите тоа, туку таму треба да се релаксирате и одморите, за да можете да бидете попродуктивни.

Всушност, подобро и поефикасно е да ја составите таа листа со задачи непосредно по будењето, пред да излезете од дома.

Пречувствителни сте на звуци

Сигурно веќе сте чуле дека ако навистина ви се спие, тогаш ни цел оркестар во вашата соба нема да може да ве спречи да заспиете. Но, доколку постои нешто што ве мачи однатре, а не можете да го препознаете, голема е веројатноста дека ќе ги обвините звуците дека ви пречат и дека поради нив не можете да заспиете и да се одморите.

Вистина е, анксиозноста не можете лесно да ја контролирате самите и некогаш вашите мозок и тело ќе работат со „1000 на час“, а некогаш ќе бидат преуморни за што било. Обидете се да развиете здрави рутини за пред спиење, релаксирајте се и не дозволувајте проблемите да ви го нарушат одморот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg