Време на кајсии - Само две на ден се доволни
Кајсиите се овошје кои со својот вкус и мирис потсетуваат на безгрижни летни денови, а притоа се богати со растителни влакна кои помагаат во нормализирање на нивото на холестеролот во организмот, чувајќи го здравјето на срцето. Исто така, ова овошје е одличен диетален избор, а влијае позитивно и врз работата на цревата, здравјето на коските и внатрешната хидратација на кожата.
Само со две изедени кајсии во текот на денот, вие успевате максимално да ја извлечете нивната хранливост и здравствениот бенефит.
Извор на витамин А
Кајсиите се полни со витамин А, познат и како ретинол, којшто го чува здравјето на очите, но и помага при одржување на силен имунолошки систем и ја штити кожата.
Растителни влакна
И свежите и сувите кајсии се одличен извор на растителни влакна, кои ги разградуваат масните киселини. На овој начин го зачувувате здравјето на дигестивниот систем.
Здравје на срцето
Овошјето богато со растителни влакна помага при намалување на холестеролот, а со тоа и за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Количината на електролити кои се содржат во само две кајсии помагаат во правилна работа на срцевиот мускул.
Антиоксиданси
Со секојдневно консумирање кајсии, за кратко време ќе се ослободите од отровите насобрани во вашето тело.
Здравје на кожата
Одличната комбинација на витамините А и Ц и фитонутриентите во кајсиите гарантираат совршено здравје на кожата, но и забавување на процесот на стареење. Така, освен што уживате во здравствените предности на ова овошје, се грижите и за вашиот изглед.
Помагаат при слабеење
Диететските влакна во кајсиите го подобруваат варењето, а со тоа и работата на метаболизмот. Затоа, доколку сте на диета, кајсиите се одличен избор за нискокалорична ужинка меѓу оброците.
Зајакнување на коските
Кајсиите содржат доволна количина калциум за одлично да ја надополнат дневната потреба од него, за коските да бидат цврсти и здрави. Покрај тоа, содржат и калиум, без кој калциумот не може целосно да се апсорбира во организмот.
Е. Д. | Црнобело