Само 3% од луѓето ги мијат рацете правилно - каде грешиме?
Колку пати во текот на денот се фаќате како со рацете си го допирате лицето или пак фаќате храна, која потоа ја консумирате?
Како возрасна личност, сигурно веќе ги знаете основите на одржувањето хигиена. Мора да се туширате секој ден, да не заборавате да ги перете панталоните редовно и да ги миете вашите раце правилно.
Но, изгледа дека потфрламе, особено во последното. Според истражувањето на US Department of Agriculture, 97% од луѓето не ги мијат рацете правилно.
Во брзање само кратко ги ставаме рацете под вода и речиси и не ги триеме.
Истражувањето е направено во 6 кујни во ресторани во Северна Каролина. Учесници биле луѓето кои ја приготвуваат храната што ја јадете во рестораните. Откриено е дека бактериите од сировото месо се пренесуваат на рачките од фрижидерите, па оттаму на сите хранливи продукти.
Како треба да ги миете рацете?
Препорачливо е да ги миете 20 секунди под силен млаз со сапуница, триејќи го и задниот дел од дланките, местата меѓу прстите и под ноктите.
Потоа исплакнете ги и избришете ги со чист пешкир. Истражувањето покажа дека многу од испитаниците не користеле чист пешкир за рацете и со тоа повторно ги загадувале со бактерии по миењето.
20 секунди сигурно ви звучи како неверојатно долго време, но ако со рацете потоа приготвувате храна или грицкате нешто, дефинитивно вреди.
С. С. | Црнобело