Хроничен замор, подуеност: Симптоми пред кои жените не смеат да замижат
Со динамичното темпо на живот во денешно време, понекогаш е тешко да ги слушате сигналите кои ви ги испраќа вашето тело.
Сепак, можно е да постојат промени кои не смеете да ги игнорирате и затоа е добро одвреме навреме да обрнувате внимание на тоа.
Секако, фразата „ништо не ми е, ќе помине“ не треба да ви стане навика за секоја ситуација и понекогаш мора да се консултирате со лекар за да спиете мирно.
Овие промени не се толку големи и чудни, па затоа е добро да испитате дали е нормално или се работи за некој проблем.
Ненадејно губење килограми
Ретко која жена се жали ако ослабе бидејќи тоа е сонот на речиси секоја, но ако губењето тежина се случи ненадејно, без посебна исхрана или вежбање, тогаш нешто не е во ред.
Има многу непријатни причини заради кои може да дојде до ова, па консултирајте се со лекар за промените.
Хроничен замор
Сите понекогаш се преморуваме и ја преминуваме границата, но ако константно се чувствувате уморно повеќе од 2 недели, иако доволно се наспивате, потребно е да се консултирате со специјалист.
Ова може да биде предизвикано од проблеми со тироидна жлезда, срцеви заболувања или недостаток на витамин Д.
Промени на градите
Редовната проверка на млечните жлезди е задолжително за секоја жена, а во случај на било каква промена (боја, облик, големина, појава на нешто невообичаено), веднаш треба да се консултирате со специјалист.
Тешко дишење и гадење без посебен замор
Ако дури и најмалата физичка активност, како качување по скали до прв/втор кат ви предизвикува гадење и тешко дишење, треба да разговарате со лекар, бидејќи тоа може да е знак на астма или срцево заболување, иако не мора да значи, но добро е да се утврди.
Промена на бенките
Ако имате нови сомнителни бенки или пак ако старите целосно се промениле, во форма или боја, најдобро е да се консултирате со лекар за да може да бидете сигурни дека сè е во ред.
Подуеност во стомакот
Сите понекогаш се чувствуваме како да ќе „пукнеме“ откако многу ќе се прејадеме, но подуеноста не секогаш е поврзана со прејадувањето.
Тоа може да биде симптом и за нешто друго, па ако забележите дека често ви се случува ова без посебна причина и кога не сте јадени, проверете се кај вашиот доктор.
Ненадејни промени во видот
Ако вашиот вид одеднаш почне да станува нејасен и ги гледате работите дупло, јасно е дека мора да посетите очен лекар.
Посебно, доколку покрај ова чувствувате губење на рамнотежа, вртоглавици и гадење и проблеми со говорот.
M. M. | Црнобело