Споделуваме искуства: „Што ми се случи откако престанав да пијам алкохол?“
Дали и вие се честите со чаша узо за ручек со салата, па неколку чаши вино во кафеана со пријателите? Дали знаете како влијае ова на вашето тело?
Јели Дивоу е шведска фитнес блогерка која откри како откажувањето од алкохолот влијаело врз нејзиното тело и животен стил.
Таа вели дека одлучила да прекине со пиење кога почнала да качува килограми во 20-тите.
„Водев нездрав начин на живот, пиев многу алкохол и никогаш не вежбав.“
Откако намалила со консумирање на алкохол од три пати неделно на само една чаша вино секоја втора седмица и се фокусирала на вежбањето и здравиот начин на живот, веднаш забележала резултати.
Сега 27-годишната Швеѓанка има 574 илјади следбеници на Инстаграм и сака да влијае врз другите.
Таа вели дека чаша шампањ има 78 калории, чаша вино 120 калории, додека ситуацијата е уште пострашна со засладените коктели. Шеќерот од алкохолот предизвикува хаос во вашето тело и кожа како оштетување на клетките, подуеност, и дехидратација.
Јели неодамна прикачи фотка на која покажува како изгледала на 20 години, кога пиела алкохол, и сега на 27 години, кога не пие алкохол.
Порачува дека е едноставно невозможно да имате здраво тело и ум ако консумирате многу алкохол. Со замена на шампањот со вода и овошје, таа ослабела 13 килограми за само 4 месеци.
Покрај физичките придобивки, Јели вели дека најважна е психичката придобивка што од омраза кон себе започнала да чувствува љубов кон себе.
Како изгледа денес:
С. С. | Црнобело