Потење, црвенило, пецкање: Знаци на дланките кои откриваат здравствени проблеми
Дланките се еден од првите делови на телото кои почнуваат да покажуваат знаци на стареење.
Но, освен тоа, дланките покажуваат и други знаци кои може да значат нешто посериозно во телото.
Затоа не треба да ја игнорирате било која појава и добро е да знаете што секоја од нив би можела да значи.
Доколку забележите некоја од следните, консултирајте се со лекар:
Црвени дланки
Докторите објаснуваат дека црвенилото во долниот дел на дланките може да е знак на проблеми со црн дроб, посебно ако се појави кај човек над 50 години.
Додека да се консултирате со доктор, обидете се да го промените начинот на исхрана со поздрав и да го намалите внесот на алкохол.
Испотени дланки
Како дел од можните причини за испотени дланки се претераното потење, стрес и прекумерна работа на тироидната жлезда.
Користете антиперспиранти, ограничете го внесот на алкохол, контролирајте го нивото на стрес и консултирајте се со доктор.
Губење на чувството во дланките и пецкање
Кога ќе станете од спиење и не чувствувате некој дел од телото, тоа е затоа што долго време сте притискале некој нерв и за кратко се враќа во нормала.
Но, ако тоа често се случува, може да биде знак за проблеми како цервикална остеохондроза, синдром на карпален тунел, венска тромбоза на екстремитети и слично, па најдобро е да се консултирате со стручно лице.
Суви дланки
Најчестата причина за ова е дехидрацијата, како и недостаток на естроген, кај жените во менопауза.
Пијте доволно вода и користете креми за навлажнувањ на кожата, а во исхраната вклучете рибино масло, семки и јаткасти плодови.
Сепак, посетете го и докторот за проверка на хормоните.
Тресење на дланките
Ова може да биде сериозен проблем, иако не мора да значи доколку е привремено. За секој случај, ограничете го внесот на силни кафиња и алкохол и консултирајте се со доктор, притоа зборувајќи искрено за стрес.
Слаби нокти
Слабите или искршени нокти може да се знак за недостаток на цинк во телото, па внесувајте почесто храна богата со цинк, како овесни снегулки, јаткасти плодови и месо.
М. М. | Црнобело