4 митови за срамните влакна во кои не треба да верувате

Дали срамните влакна навистина го намалуваат сексуалното задоволство и секогаш се во иста боја со бојата на косата?

4-mitovi-za-sramnite-vlakna-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-01.jpg

Кога станува збор за интимната зона и срамните влакна, вкусовите се различни. Некои сакаат тој реон да им биде сосема мазен, додека други преферираат природен изглед.

Кои се најчестите митови за срамните влакна?

МИТ 1: Срамните влакна штитат од сексуално преносливи болести

Вистина е токму спротивното. Влакната на интимата кога се долги се совршено место за развој на бактерии. Тие задржуваат одредена количина на влага и затоа се одлично место за живот на микроорганизмите, од кои некои причинуваат и сексуално преносливи болести.

Отстранувањето на влакната е препорачливо, се разбира, ако се прави на правилен хигиенски начин.

МИТ 2: Срамните влакна го намалуваат сексуалното задоволство

Некои жени ги отстрануваат срамните влакна затоа што велат дека така подобро ги чувствуваат допирите од партнерот и имаат поголемо задоволство, други жени пак велат дека природниот изглед им е подобар за постигнување на оргазам.

Но, од научна гледа точка влакната на интимната зона се т.н. тригер за мажите. Жлездите сместени под кожата произведуваат супстанција без мирис која во комбинација со бактериите кои се развиваат помеѓу влакната создава феромони и тоа ја поттикнува сексуалната желба кај спротивниот пол.

4-mitovi-za-sramnite-vlakna-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

МИТ 3: Бојата на срамните влакна е иста со бојата на косата

Тие не мора да бидат исти, па дури ниту слични затоа што имаат поинаква структура од влакната на косата.

Кај некои луѓе имаме разлика на нијанси, а кај некои дури и сосема друга боја, но често се случува срамните влакна да се во иста боја со веѓите.

МИТ 4: Срамните влакна растат со иста брзина како косата

Иако, откако ќе ги отстраниме тие брзо повторно растат, добрата вест е што ако ги оставиме подолг период тие нема да растат во недоглед како косата.

Ќе постигнат одредена должина и ќе престанат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg