Прашања кои треба искрено да му ги одговорите на докторот, иако се срамите
Многу често се случува пациентите да кријат информации од докторите, од најразлични причини.
Најчесто тие се срамат да признаат нешто и им е непријатно да одговараат на лични прашања, па сметаат дека не е страшно ако сокријат нешто.
Но, во одредени случаи, може да биде опасно бидејќи токму тие тајни може да влијаат на вашето здравје.
Затоа, во продолжение погледнете кои се прашања на кои мора искрено да му одговорите на докторот:
Колку долго боли?
Многу често пациентите го намалуваат магично времето на болка или пак веруваат дека сè ќе помине само од себе.
Па, за докторот да не ги кара зошто не дошле порано, тие често не ја кажуваат вистината, но со тоа погрешно го насочувате лекарот, па може да добиете и погрешна дијагноза и терапија.
Кои лекови, витамини и суплементи ги консумирате?
Не сите производи се секогаш безбедни, па добро е да се консултирате со лекарот за она што го консумирате.
Плус, некои од нив може да имаат силен ефект врз телото или пак да бидат лоши во комбинација со лековите кој тој ќе ви ги препише, па добро е да знае.
Информации за секс
Прашањата за сексуалниот живот кои ви ги поставува гинекологот или урологот се природни и не треба да се срамите да одговорите на нив.
На пример, болката при секс кај жените може да биде сериозен проблем, па нема ништо лошо ако го споделите тоа со докторот и дозволите да ви помогне давајќи ви соодветна терапија.
Колку често пиете, пушите или користите илегални наркотици?
Треба отворено да зборувате за овие информации, дури и ако се работи за минимална количина.
Докторот треба да е свесен за ризикот од секој од нив при давање на соодветна терапија или пак за влијанието при давање дијагноза.
Дали сте депресивни?
Ако не сте во добро расположение веќе подолг период, треба да разговарате со докторот за тоа.
Консултирајте се за вашата состојба и доколку треба посоветувајте се за психотерапии. Можеби пак, причина за тоа се проблеми со хормоните или нешто сосема трето, па дозволете експертите да го откријат тоа.
Каков е вашиот сон, дали имате несоница?
Иако можеби мислите дека вашиот сон не е никако поврзан со некоја здравствена состојба, верувајте дека може да има врска и да придонесува за нешто.
Па затоа, немојте да го криете ова или пак да не го кажувате заради вашите лични мислења, кои не се професионални.
М. М. | Црнобело