Знаци на блага депресија и лошо расположение кои ги игнорираме
Дистимија е состојба која припаѓа во групата на пореметување на емоциите и претставува благ облик на депресија, која се карактеризира со лошо расположение.
Многу луѓе патат од ова, без никој во околината да е воопшто свесен, бидејќи најчесто депресијата ве асоцира на човек без волја за живот, кој не сака да мрдне од кревет, ниту да прави било што друго.
Дистимијата е многу тешко да се дијагностицира, бидејќи оние кои патат од ова водат сосема нормален живот, се запознаваат со луѓе, работат и ги кријат симптомите од светот.
Многумина не го прифаќаат ова како состојба за себеси, а за да препознаете дали се работи за ова нарушување, споредете ги следниве симптоми, но не заборавајте дека дијагноза може да даде исклучиво лекар:
1. Тажно и депресивно расположение речиси секојдневно.
2. Човекот одбива да ја види радоста во работите кои го усреќувале – не престанува да ги прави активностите, туку ги прави без задоволство.
3. Инсомнија или претерано спиење – континуирано повторување.
4. Потешкотии со концентрација и носење одлуки.
5. Промени во апетитот и телесната тежина во било која насока.
6. Постојано рефлектирање на минатото и искуствата кои одамна се доживеани.
7. Замор и недостаток на енергија.
8. Ниска самодоверба и длабока желба за перфекционизам.
9. Чувство на беспомошност, безнадежност и вина.
10. Затворање во себе, волонтерска асоцијалност.
11. Барање „лек“ во пороци – алкохол, дрога, коцка.
Ако горенаведените симптоми ве мачат вас или некоја блиска личност подолго време, наместо да дозволите да го уништуваат животот, посетете доктор.
Иако многумина мислат дека можат сами да се справат, дистимијата е нарушување кое бара комплексно лекување и психотерапија.
М. М. | Црнобело