Совети за борба против првутот

soveti-za-borba-protiv-prvutot-povekjeПрвутот е неопходен и добар за нашата кожа. Нашето тело само од себе се обновува, а во тој процес опаѓаат старите кожни клетки. Во нормална состојба...

 

...ова не се забележува. Но, кога доаѓа до пореметување на овој процес, се појавува непријатен проблем на видлив првут кој ја расипува и најдобрата фризура.

Постојат два типа првутсува и масна. Сувата е резултат на сува кожа, а се препознава по фината текстура и видлива е и по нашата облека. Масната пот е поголема и се лепи за косата. Резултат е на претерано лачење на жлездите.

soveti-za-borba-protiv-prvutot

1. Немојте да претерувате – постојат две крајности: или не се грижиме доволно за нашата коса , или се грижиме премногу.

Шампони, регенератори, користење разни препарати за фризури – во голема мера влијаат на здравјето на нашата кожа и коса.

Можеби мислите дека со овие средства ќе го отстраните првутот, но само ќе го влошите проблемот.

2. Природни рецепти. На темето нанесете јогурт или меко сирење кои ќе ја повратат изгубената рамнотежа.

Маслиновото масло исто така може да ви помогне. Еднаш до два пати неделно нанесете од овие природни препарати, оставете ги да делуваат 15 минути и измијте се со млака вода.

3. Шампон против првут. Овие шампони често имаат моментален ефект.

Ако имате сува првут одберете шампон против првут кој на темето и косата ќе и даде и дополнителна влажност.

За жал, шампоните не се борат против вистинскиот причинител на првутот, заради тоа и не се доволни на долг рок.

Потребно е да го користите минимум 1 месец за да забележите резултати.

4. Посета на лекар. Габична инфекција може да биде чест причинител на појавата на првут. Ако покрај првутот забележите и црвени дамки, задолжително посетете доктор.

5. Состојбата на умот. Стрес, незадоволство и лошо расположение може да предизвикаат појава на првут. Опуштете се. Поминете време со пријатели кои ќе стават насмевка на вашето лице.

6. Исхрана. Разновидна и здрава исхрана и тоа како влијаат во борбата против првут. Зголемете го внесувањето на цинк кој може да го пронајдете во житариците, пилешкото и морските плодови.

7. Здрава коса - за долгорочно да се ослободите од првутот посветете внимание на препаратите кои ги користите. Шампоните треба да се благи и ph неутрални.

Косата не смеете да ја миете со жешка вода. Откажете се од препарати за стајлинг одреден период.

Би можело да ве интересира:

Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Колку е опасен анафилактичниот шок и како да реагирате ако некој го добие? Во случај на анафилактичен шок, неопходно е да се следат сите витални функции, о...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg