Изгоревте на сонце?

izgorevte-na-sonce-povekjeАко сте заборавиле да се намачкате со крема со фактор, цел ден сте биле на сонце, или сте заспале на плажа – голема е веројатноста да имате изгореници...

 

...на кожата. Тие се честа појава особено ако имате кожа со посветол тен.

Како да ја смирите изгорената кожа?

izgorevte-na-sonce

1. Прво што треба да направите кога ќе дојдете дома е да се туширате со ладна вода без гел за туширање кој може дополнително да ја иритира вашата кожа.

2. Напијте се аспирин – ги ублажува изгорениците.

3. Масло од лаванда ја опушта и лади кожата. Добра опција е и масло од ментол. Не го нанесувајте директно на кожата – користете мокра крпа.

4. Направете облоги од црн чај. Тој содржи танин кој ги ублажува болките.

5. Алое вера е спас за вашата кожа. Поттикнува обнова и има антибактериски својства.

6. Ако при рака немате крема, послужете се со ладен јогурт. Држете го на кожата најмногу 20 минути и измијте го со вода.

7. Мед и млеко – медот го намалува црвенилото, а млекото ја смирува кожата да не ве чеша.

8. Може да ви послужи и вашето омилено пиво. Едноставно, истурите на парче вата и премачкајте го изгореното подрачје.

9. Пијте зголемено количество вода, немојте да се чешате и не се сончајте се додека не се повлече црвенилото.

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...
Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен? Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg