Надминете ја љубомората!

Познатата изрека вели дека љубомората е броење на туѓи среќни моменти наместо броење на своите. Љубомората може да го направи несреќен и најбогатиот...

 

... човек на светот, бидејќи тој и кога треба да биде најсреќен бидејќи има се', се занимава со нешто што го нема, а другите го имаат.

На вам ви останува да одберете дали ќе се преокупирате со туѓи животи или ќе посветите внимание на сопствените цели и работи кои го чинат вашиот живот исполнет. Луѓето често им завидуваат на другите на нешто што тие го немаат на можностите кои другите ги добиле, имајќи чуство дека таквата прилика веќе никогаш повеќе нема да се повтори.

Тоа е опасен начин на размислување кој се повеќе и повеќе е присутен, правејќи им го животот на тие луѓе полн со незадоволство. За да се избегне таа замка, концентрирајте се на приликите и шансите кои вам ви се пружаат. Тоа е единствен начин да го развиете менталитетот на изобилството. Секогаш ќе постојат нови прилики, нови работни места, нови партнери итн.

nadminete-ja-ljubomorata

Љубомората е директно поврзана со навиката да се критизираат и осудуваат другите. Наместо да се даде шанса на својот живот и да се испробуваат нови можности секојдневно, избираат да обрнат повеќе внимане критикувајќи ги другите додека прават грешки на нивниот пат до успехот.

Едноставно со исполнувањето на сопствениот живот со интересни луѓе и прилики, ќе имате помалку време и причини да бидете љубоморни. Чест пример на љубомора е досадата и недостатокот на активности. Помалку време трошете за анализирање на животот, а повеќе време посветете истражувајќи го!

Единствена мерка за вашиот напредок сте вие самите и тоа е единствениот точен менталитет кој можете да го развиете. Особината да се споредувате со други вам никогаш нема да ви донесе чуство на мир и среќа бидејќи секогаш ќе се најде некој кој има повеќе од вас, а самата опасност дека тој некој ќе се поајви влијае за дополнителен стрес во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg