Ние сме она што јадеме!

Неколку вистини и невистини за тоа каква е врската помеѓу здравјето и храната и што се крие позади митовите кои се вкоренија како колективно верување...

 

... помеѓу луѓето. 

Јајацата го зголемуваат нивото на холестерол - НЕВИСТИНА

Јајцата може да го зголемат нивото на холестерол во крвта, но тој се враќа во нормала после неколку часа.

Сите реакции на храна се алергии - НЕВИСТИНА

Многу од таквите алергии се всушност нетолеранција на одредена храна. Вистинските алергии се појавуваат кога имунолошкиот состав одредена храна ја заменува со токсин, со што произведува антитела за одбрана што предизвикува симптоми како што се треска, отоци и побавно варење. Нетолеранцијата на храната не го вклучува имонулошкиот состав. Генерално, нетолеранцијата на храна е помалку опасна од алергија.

Пилешката супа ја ублажува настинката - ТОЧНОnie-sme-ona-sto-jademe

Позади овој традиционален лек, стои наука. Имено, кога научниците ја тестирале пилешката супа, откриле дека го намалува воспалението и конгестиите кои ги предизвикуваат неутрофилите и така го подобруваат имунолошкиот систем.

Алуминиумски прибор предизвикува Алцхамерова болест - НЕВИСТИНА

Лабараториските животни развија одредени симптоми на деменција по изложувањето на поголеми количини на алуминиум. Мозокот кај некои пациенти кои патат од оваа болест, имаат необично големи количини на метал.

Сепак, не постојат никакви докази дека мали количества на алуминиум, кои се пренесуваат од тафчињата и лонците на храна за време на готвењето, предизвикуваат Алцхајмеровата болест или било какво друго оштетување на мозокот.

Лененото масло е добро како и рибиното - НЕВИСТИНА

Рибиното масло е корисно поради омега-3 масните киселини, посебно типовите DHA и EPA кои го штитат мозокот и срцето, спречувајќи крвни згрутчувања, ги хранат мозочните клетки и сл. Лененото масло исто така содржи омега-3, но друг тип - АLА. Телото го претвора овој тип во DHA и EPA, но не многу ефикасно.

Јадењето доцна навечер здебелува - НЕВИСТИНА

Пресметката е многу едноставна. Нема да ве здебели времето кога ја внесувате храната, туку количината на калории која ја внесувате.

Би можело да ве интересира:

Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg