Ново: Смрзнување на салото?
Појавувањето на новиот тренд за третман за слабеење - Zeltiq стана многу популарен на американскиот пазар и во Англија, а се работи за метода на ладење...
... која се користи како би се уништиле маснотиите.
Иновацијата Zeltiq која ја користи методата за ладење, како би ги оладила и уништила масните клетки, е смислена во соработка со Универзитетот Харвард и Општата болница Масачусец.
Третманите кои се базираат на топење на масните клетки со помош на ласер, можат да биде веќе минато и паднат во заборав, барем така тврдат научниците на новата метода. Новоста од Америка е веќе пласирана во Велика Британија и се смета за револуционерен концепт во борба со килограмите, пишува Дејли Меил.
"Ниските температури ги уништуваат масните клетки и тоа на начин кој не ја оштетува кожата или мускулите, по што природно низ црниот дроб се исфрлаат од телото", објаснува доктор Дејвид Голдберг.
Иако со години наназад за топење на салото се употребуваше греење како третман за слабеење, научниците докажаа дека спротивниот пристап е значително поефикасен. Благодарејќи на Zeltiq методата доволен е само еден третман за да се уништи 25% од масните клетки.