И темната кожа бара заштита
Научниците предупредуваат дека спротивно на универзалното мислење, лицата со темна кожа не се заштитени од заболување од рак на кожата. Иако...
... кај лицата кои имаат потемна кожа оваа болест е помалку вообичаена, кога ќе се појави е поагресивна, а доцната дијагноза на оваа болест може да биде смртоносна.
Научниците објаснија како постои вообичаена перцепција дека луѓето со потемна кожа не треба да се грижат за штетното зрачење на сонцето, но тоа не е вистина.
За жал, она што малкумина го знаат е фактот дека кај темнокожите лица кои се заболени од рак на кожата, постои поголема смртност.
Посилно изразениот пигмент во потемната кожа, навистина дава некоја дополнителна заштита против штетните зрачења, па затоа кај овие луѓе помали се шансите да се појават опекотини од сонце.
Колку потемна кожа имате, толку е поголем природниот УВ филтер, на пример, многу темна кожа има заштитен фактор 13.
Но, бидејќи научниците им советуваат на сите пред излегување на сонце да употребат заштита со најмалку 15 фактор, природниот факто р 13 не е доволен.