Како против стрес
На секого во животот му е потребно малку стрес. Тоа е она што ве потикнува да станете наутро од кревет и она што ви дава виталност за секојдневните работи.
Стресот станува проблем доколку е присутен премногу, па дури и ако е присутен непотребно.
Но, доколку стресот е отсутен од вашите животи ќе станете нестимулирани, ќе се досадувате и ќе се чуствувате изолирано.
За да пронајдете стимул во таквите случаеви, многу луѓе посегнуваат по алкохол, дрога, криминал или некакви други облици на неприфатливо однесување.
Премногу стрес од друга страна, резултира и со здравствени проблеми вклучувајќи главоболка, проблеми со желудникот, па дури и срцеви удари.
Исто така резултира и со лутина, анксиозност, стравови што заедно го загрозуваат приватниот и професионалниот живот. За да се решат од стресот, луѓето се прават работи кои не само што не се здрави, туку се негативни и неефикасни.
Листата на негативните начини за решавање на стресот вклучуваат:
- Пиење алкохол
- Негирање на проблемот
- Конзумирање дроги
- Прејадување
- Пушење
Обидете се овие штетни техники, да ги замените со следниве:
- Прилегнете 30-40 минути за да ги наполните батериите и да се смирите.
- Заминете на масажа кај професионалец или замолете го вашиот пријател или партнер.
- Пробајте се во уметноста. Насочете ја енергијата во нешто креативно како сликање, свирење инструменти, пишувајте поезија, пеење или танц.
- Насмевнете се. Погледнете добра комедија или читајте вицови.
- Бидете нежни кон себе. Дајте си доволно време, и релаксирајте се. Негативниот внатрешен глас влијае негативно на сликата за себе што води до понатамошен стрес.
- Дружете се! Викнете ги вашите најблиски пријатели, разговарајте за проблемот, можеби ќе добиете прилика, помош или совет кој дотогаш не ви паднал на ум. Делењето на проблемите ги прави тие да изгледаат мали и безначајни.
- Доколку сте во можност, заминете неколку дена на места кои ве релаксираат - викендичка во планина е обично добро место да ги средите мислите.
- Спортувајте, спортувајте, спортувајте!