Ништо како мајчина љубов!
Се чини дека една прегратка, еден бакнеж и други облици на искажување на љубов ја јакнат емоционалната стабилност. Ова се последните резултати...
... добиени од студијата во која учествуваа 500 лица, кои биле третирани и како деца и како возрасни.
"Клучот се наоѓа во сигурната врска помеѓу мајката и детето", пишуваат во магазинот Epidemiology and Community Health. Но, научниците истакнуваат дека можеби најважно од се е да знаеме како самоуверено да стоиме низ сите препреки и убави работи кои ни се случуваат во животот.
Сепак, презаштиничкиот однос кај повеќето деца може да резултира со агресија. Од друга страна пак, силната мајчинска нежност дава чувство на сигурност и го олеснува врзувањето со други луѓе, вели авторката на истражувањето Џоана Маселко.
Мајчинската прегратка не само што ги намалува евентуалните проблеми во животот, туку и им помага на децата да ги развиваат социјалните и друштвени вештини кои ќе им бидат од корист коа ќе пораснат, вели Маселко.
Кога последен пат вие ја гушнавте мајка си?