Девојче е алергично на вода, дури и на своите солзи и пот

Кожата на малата Ајви поцрвенува и ѝ излегуваат пликови секој пат кога нејзините родители ја бањаат.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-01.jpg

На малата Ајви Енгрмен од Минесота минатиот октомври ѝ било дијагностицирано аквагенска уртикарија (aquagenic urticaria).

Нејзините родители забележале дека нешто не во ред кога виделе дека по бањањето добивала црвен осип на кожата. Прво претпоставувале дека е алергија на некој шампон или сапун. Но, направиле промена на козметичките средства и ситуацијата останала иста.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-05.jpg

Потоа, родителите ја однеле на доктор кој ѝ открил навистина ретка алергија, што ја имале само околу 50 луѓе во светот. Сфатиле дека нејзиниот живот ќе биде полн со забрани. Таа нема да може да ужива во капењето дома, во базен, во прскање со другарчињата или мавање со снежни топки, бидејќи на нејзината кожа ќе се јавува црвенило.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-04.jpg

Дури и дождот, плачењето и потењето ѝ предизвикуваат болка.

Ситуацијата станала толку неподнослива, што Ајви почнувала да вреска по само 15 до 20 секунди бањање. Нејзините родители започнале да ѝ ја одржуваат хигиената со помош на влажни марамчиња.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-03.jpg

Сега ја капат еднаш неделно и велат дека им се кине срцето притоа. Потоа не можат да користат пешкир, затоа што ја боли премногу, и оставаат така да се исуши.

Исто така, имаат огромна тешкотија како да ѝ наложат на својата ќерка да не плаче.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-06.jpg

Ајви прима лекарства за да се намалат симптомите на алергијата, но ѝ даваат само кога планираат да има допир со вода, а не секојдневно за да не стане имуна на нив.

„Докторот на Ајви ми кажа дека на светот имало жена која била алергична дури и на пиење вода, па пиела само одреден тип на сок. Навистина ме плаши помислата дека Ајви може да дојде и до таа фаза.“, изјави мајката на девојчето за британските медиуми.

devojche-e-alergichno-na-voda-duri-i-na-svoite-solzi-i-pot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg