Невистини за исхраната

mitovi-za-ishranata-povekjeМесото предизвикува рак. Готвењето ги уништува витамините. Одредени видови на храна ги топат мастите. Ова се само некои од митовите за храната...

 

...кои од непознати причини се раширени меѓу луѓето. Некои од нив се бесмислени, но и опасни, па да почнеме со нивно разоткривање. 

Одредени прехрамбени производи ги топат мастите

mitovi-za-ishranata-1

 Теоријата „јади и слабеј“ која е заснована на претпоставката дека телото, додека обработува еден вид на храна (јаболко, целер, грејпфрут) троши многу повеќе отколку што таа храна содржи калории!

Иако некои веруваат во таканаречената диета на негативни калории, сè е тоа бесполезно: со џвакањето на храната трошиме десетина калории, а работата во теретана е недостижна со својот познат ефект. 

Готвењето ги уништува витамините

Не се сите витамини еднакво чувствителни на температура. Некои витамини, како што е витаминот Ц термички се осетливи, а додека на пример портокалот и пиперката, препорачано е да се јадат свежи.

Меѓутоа, токму поради различната осетливост на температура, што дури и со готвењето се зголемува апсорбирањето на некои супстанци, на пример готвениот домат е сјаен извор на ликопен.

Секако треба да се внимава храната да не се превари и да се употребуваат здрави готварски техники.  

Маргаринот е поздрав од путерот

Путерот содржи заситени масти од животинско потекло и ако се јаде во големи количини, може да дејствува на зголемување на холестеролот.

Меѓутоа, класичниот путер може да биде и полош, бидејќи содржи трансмаснотија која не само што го зголемува „лошиот“ холестерол (ЛДЛ), туку и го намалува оној „добриот“ (ХДЛ).

За среќа, на Балканов, производството е внимателно и го следи трендот на користење на модерни технологии за згуснување на билните масти, со што добиваме здрав путер со минимална количина или потполно без трансмаснотии. 

 

Како старееме се здебелуваме, тоа е заради се побавниот метаболизам

mitovi-za-ishranata-2

Ова е делумно точно, бидејќи метаболизмот после 40-тата година навистина станува бавен, но за само 2 - 3% по декада од животот.

Земајќи ја во предвид разликата меѓу индивидуите, научниците тврдат дека ни најдрастичниот случај на забавување на метаболизмот, не може да биде повеќе од 5% по декада од животниот век.

Но, тоа не е причина за здебелување, туку се дебелееме само кога повеќе јадеме отколку што трошиме.

Затоа, треба да јадеме кога навистина Ви е потребна храна, а ако тоа Ви претставува проблем, треба да се движете повеќе, вежбајте и имајте повеќе физичка работа. 

Месото предизвикува рак

Некои научни кругови се обиделе да ги поврзат културите во кои почесто се јаде храна на скара, со зголемен ризик од рак. Препеченото месо треба да се избегнува од многу причини, но не постои ниедно истражување кое докажало дека и огромни количини месо, консумирано во текот на животот би имало некаква поврзаност со рак. 

Умерени количини на месо се неопходни и здрави

Како и да е, за месото би можеле да кажеме некои други зборови: животните денес се одгледува на начин кој е сомнителен и во здравствена и во етичка смисла, дека се претерува со хормоните и антибиотиците...

Но, решението е во насочувањето кон еколошките и здравствено прифатливите начини на одгледување, а не во одрекувањето од месото. Умерените количини на месо се неопходни и здрави.

Нутриционистите препорачуваат девет порции на овошје и зеленчук, но тоа не е многу: основната заблуда е во тоа што зборот порција нема исто значење, што и оброк.

За подобро да забележите, ви даваме пример на 8-9 порции распоредени во 3-4 дневни оброци: чаша бобинки за појадок, 1 чаша овошен сок за ужина, 2 чашки салата од разновиден зеленчук за ручек, а за вечера овошна салата или свежи овошки во количина од 1 чашка, за на крај 1 чашка зеленчук готвени на пареа.

Со малку житарици, млечни производи, месо или риба, ако сакате прилог ориз, тестенини и леб, ова е целодневна здрава прехрана за која не може да се рече дека е преобилна.

Значи, не е невозможно, туку е прилично едноставно во текот на денот да се изедат најмалку пет порции овошје и зеленчук.

Многу повеќе можете да направите за вашето здравје, ако во текот на денот одберете овошје и зеленчук во што повеќе различни бои, бидејќи таквата разноликост на бои, ви носи и разноликост на нутритиенти.

За повеќе информации за здрава исхрана и вежбање посетете го www.kondicionentrener.com

Би можело да ве интересира:

Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка? Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваа...
Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог? Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата бој...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg