Каков сладолед да одберете?
Сладоледот иако е еден од најосвежувачките десерти, содржи масти и шеќер кои не се добри за здравјето и виткоста. Среќа, постојат и сладоледи...
...кои имаат сосема солиден состав витамини и белковини кои повременото лижење го претвораат во сладок мал грев без последици.
Најмногу калории имаат кремастите сладоледи. Здрава алтернатива се класичните млечни кои се приготвуваат со јогурт, кисело млеко и кефир – во 100 грама млечен сладолед се кријат 210-260 калории.
Ако се двоумите меѓу чоколадо и овошен вкус, секако одберете сладолед од јагода, шумско овошје, ананас или манго.
Имено, овошните сладоледи (100gr) имаат најмалку 10% удел вистинско овошје, 150 калории и 3gr масти.
Во сладоледите на стапче најчесто се кријат повеќе калории отколку во 2 топки сладолед купени во слаткарница или кафуле.
Чоколадните преливи, полнења, лешници, карамела и други додатоци на сладоледот с вистинска замка.
За освежување на плажа пригодни се водените сладоледи – иако зборуваме за замрзната вода со разни вкусеви.
Тие содржат околу 50-60 калории и немаат масти. Меѓутоа клучна е количината. Важно е да не претерувате.