Како да го започнеш денот?
Ви наведуваме пет здрави навики, кои можете лесно да ги применете во вашата дневна рутина, по можност најдобро помеѓу ѕвонењето на будилникот...
...и одењето на работа. Овие совети се едноставни и корисни, а ќе ви помогнат да бидете здрави и секојдневно свежи.
1. Протегнете се во креветот
Наместо денот да го започнете со жалење, протегнете се во постелата. На овој начин ќе ја поттикнете циркулацијата на крвта.
2. Пред појадокот, напијте се една чаша вода
Откако сте отспале 8 часа, на вашето тело потребна му е вода, подеднакво како и храна. Пред да се фатите за чај, кафе или сок, напијте се чаша вода. Добро хидратизираното тело функционира подобро.
3. Појадувајте
Појадокот е навистина најважниот оброк. Со појадокот ги обезбедувате потребните калории за неопходното функционирање на телото.
4. Раздвижете го телото
Вежбањето наутро подеднакво е како да му давате на своето тело физички кофеин. Ако не можете да одвоите доволно време за остварување на целата програма на вежби, со 10 минути, исто така, ќе се постигне задоволителен ефект.
5. Не, за втората чаша кафе
Особено во понеделник ќе добиете искушение да посегнете по вториот филџан кафе во канцеларијата, ако првото кафе сте го испиле дома. Екстра кофеинот веројатно ќе ве вознемири и ќе ја зголеми фреквенцијата на срцето. Затоа најдобро да се одлучите за некој чај.