Опуштете се во сауна
Престојот во сауна не е добар само за опуштање туку и за зајакнување на имунитетот. Луѓето кои еднаш неделно посетуваат сауна имаат подобар...
...одбранбен систем. Сауната влијае и врз развитокот на чувството на задоволство и среќа и темелно ја чисти кожата.
Преку потењето, телесната темпаратура се зголемува за еден до два степени што доведува до активирање на одбранбените ќелии.
Наизменичниот топол - ладен бран ги опушта мускулите, го намалува крвниот притисок, го подобрува метаболизмот, крвотокот и дишењето. Особено помага при настинки и акутни воспаленија.
Инаку, лекарите препорачуваат избегнување сауна кај луѓе со послабо срце, непостојан крвен притисок или скоро доживеан инфаркт.
Се препорачува лесна храна пред заминување во сауна, но не и празен желудник.
Пред влегувањето истуширајте се и добро избришете се, зашто влажната кожа го отежнува потењето.
Останете од 8 до 15 минути, а потоа истуширајте се со постудена вода и излезете на свеж воздух.