Калинки - вкусни и здрави
Вкусна, освежува, одзема внимание, сите ја сакаат. Калинката е вкусно и здраво овошје на кое уште во дамнешни времиња му препишувале чудотворни дејства.
Сокот од калинка има антиоксидационо дејство, а одличен е и за превентива од кардиоваскуларни болести.
Освен тоа, калинката се препорачува и за нега на кожата, а посебно во текот на зимата. Маската за лице од калинка ја прави кожата помека, а на лицето му дава свеж изглед.
Затоа испасирајте една супена лажица семки од калинка и помешајте ги со иста количина мед. Потоа додајте три лажички маслиново масло и 50ml вода. Сето тоа добро измешајте го.
Со добиената смеса измасирајте го лицето, деколтето и вратот, а потоа оставете да делува половина час. На крај исплакнете со млака вода.
И, не заборавајте - јадете една калинка дневно за поздрав и поубав ден.