Кога ви пулсира главата...
Мачната главоболка може да се избегне со помош на соодветна исхрана и избегнување на стресот. Мигрената, неуролошко пореметување кое почесто...
...ги мачи жените отколку мажите, се манифестира со силна пулсирачка главоболка на една страна на главата.
Меѓу посилните симптоми се и мачнината, вртоглавицата и чувствителноста на светлина и звук. Нападот на мигрена може да трае од 4 па се до 72 часа.
Кога мигрената ќе нападне сите ние посегнуваме по силни лекови против болка, но ако ја знаете причината за оваа болка можеби можете и да ја избегнете.
Американскиот центар за информации за женското здравје ги пренесува најчестите причини за појава на мигрена.
Оваа болка може да се јави како последица на недоволно спиење, но и заради прекумерно спиење.
Мигрената се јавува и како последица на преоптеретени сетила: пресилен звук, светлина или мирис. Затоа ако сте склони кон мигрена избегнувајте места каде може да ги преоптеретите сетилата.
На листата причини за појава на мигрена се јавуваат и некои кои не можеме да ги избегнеме, но може да го предвидиме нападот и соодветно да се подготвиме. Такви се хормонските промени, наглите промени на времето, како и стресот.
Меѓу хемиските предизвикувачи на мигрена се драстичните промени на внесена количина на кофеин (кафе), црно вино и вештачки засладувач.