Слабејте со судоку!
Еден час решавање судоку или крстозбор ќе vи помогне да изгубите повеќе калории отколку што содржи еден чоколаден колач. Умствените вежби...
...како сложувалките или квизовите во просек трошат по 90 калории за еден час.
Експертот за ментални активности Tim Forrester тврди дека умствените вежби ги согоруваат калориите на истиот начин како и телесните вежби.
„На нашиот мозок му се потребни само 0,1 калории за да преживее. Kога работиме нешто умствено, како сложувалка или квиз трошиме по 1,5 калории во минута“, вели Forrester.
Мозокот е соствен од милион неврони кои комуницираат со другите неврони и му пренесуваат пораки не телото преку невротрансмитери.
За да невроните ја извршат својата задача потребна им е енергија. Три четвртини од таа енергија доаѓа од глукозата, а остатокот од кислородот во крвта. Извршувањето на посложени умствени функции бара и поголема активност на невроните, а со самото тоа се троши и повеќе енргија.
Ако сакате да стопите некоја калорија веднаш, можете да играте судоку или крстозбор на CRNOBELO.