Кои витамини ви недостигаат?
Во текот на есента поретко излегуваме надвор, јадеме поеднолична храна која најчесто не е свежа и помлаку се движиме, а сето тоа може да предизвика...
...недостаток на одредени витамини. За да дознаете дали и кој витамин ви недостига потребно е само да се погледнете во огледало и да се сетите на следните предупредувања:
1. Кожа
Ако кожата е сува и се перута, а на лицето се појавуваат акни, тогаш ви нодостига витамин E, B2 и C.
2. Очи
Кога очите се црвени и не поднесуваат јака светлост, а под очите имате изразени темни подочници, тогаш ви недостига витамин A и бета-керотин.
3. Усни
Ако усните се испукани и со ранички на рабовите, тогаш имате недостаток на витаминот PP, витаминот E и B6.
4. Заби
Кога забите се подложни на карес, недостига витамин C и калциум.
5. Коса
Кога косата е кршлива, сува и расцветна на врвовите, а кожата на главата се перута, имате недостаток на витамините B2 и B5.
6. Израз на лицето
Ако вашиот израз на лицето е раздразлив и незадоволен, тогаш имате недостаток на витамини од групата B.