Вежбајте без мака

vezbajte-bez-maka-povekjeСите знаеме колку е корисно вежбањето, не само за добар изглед, туку и од здравствени причини, па сепак – колку пати во денот сте помислиле:

 

„колку ме мрзи да вежбам“!

Не е неопходно да посетувате фитнес клуб – доволно е да имате справа и дома. Ако, пак, и тоа ви се чини невозможно – нема место за очај! Постојат неколку вежби кои можете да ги правите сосема незабележливо, а и нема да ви одземат многу време.

vezbajte-bez-maka

1. Како до убаво обликувани листови и потколеници?
Ако вежбате на степер, со поголем отпор, листовите ќе ви се обликуваат како кај фудбалерите. Пилатесот создава убаво обликувани, издолжени листови, но овде нема да го анализираме степерот ниту пак пилатес вежбите. Треба да знаете дека одењето по скали создава обликувани листови – заборавете на лифтот!

2. Можно ли е да вежбате во канцеларија?
Под бирото, кога никој не ве гледа, собујте го чевелот и колку можете подолго, вртете кругови само со стапалото – во правец на стрелката на часовникот и обратно. За почеток, доволно си се 15 круга во двете насоки. Се разбира, вежбата повторете ја и со другата нога.

3. Како до поцврсти раце и гради?
Рачно цедење на алишта, силно и отсечно триење на валкани садови (посебно ако храната се залепила за садот), бришење прашина. Може и нешто поелегантно: одете во шопинг и натоварете се со повеќе мали кеси. Свиткајте ја раката во лакт, а кесата држете ја во висина на градите. Потоа спуштете ги кесите, па повторно кренете и така неколку пати.

4. А, цврст стомак?
За оваа вежба може да се седи и пред телевизор –легнете на стомак, а потпрете се на лактите. Подигнете го горниот дел од телото и задржете се така 20-50 секунди, па вратете се во првобитната состојба. Добро би било вежбата да ја повторите барем 10-тина пати, за почеток, а понатаму може и повеќе.

5. И за крај - цврст и подигнат задник
Ова е баш невидлива вежба – додека чекате во банка, на автобуска станица или на кој и да е шалтер, еве предлог како да не ви биде досадно: застанете исправено, стегнете ги мускулите на задникот и задржете се така 5 секунди. Ако сте во можност, повторете ја вежбате 20-30 пати.

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека имате здрав менструален циклус (и кога треба да одите на гинеколог) Редовните менструации главно се знак дека хормоните ви се синхронизирани. Што др...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог? Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата бој...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg