Дали се храните здраво?

dali-se-hranite-zdravo-povekjeСте доручкувале житарици или овошен јогурт и сметате дека се храните здраво? Што ако ви кажеме дека се лажете? Во прилог следува листа од 10 видови...

 

...на храна за кои вие мислите дека се здрави бидејќи се промовирани како такви, а всушност не се воопшто здрави.

dali-se-hranite-zdravo-1

1. Житарици – житариците се промовирани како здрави и хранливи и се препорачуваат за намалување на телесната тежина. Доколу го прочитате составот на житариците ќе забележите дека тие се богати со шеќер и сол и дека витамините и минералите кои тие ги содржат се добиени по хемиски пат.

Здрава алтернатива: за појадок - овес, млеко и банана; омлет со кромид и домати и слично.

2. Колачи од овес – овие колачи се направени од овес и мешани зрнести плодови кои се здрави за јадење. Меѓутоа, оние кои можат да се набават во продавниците се мешани со сирупи како на пр. сирупот од пченка, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Некои вакви колачи исто така содржат и чоколаден чипс кој ги прави исто толку “лоши” како и обичното чоколадо.

Здрава алтернатива: домашно подготвени овесни колачиња.

3. Овошни јогурти – кога на амбалажата ќе прочитате “без маснотии” не значи дека станува збор за здрава храна. Овие производи содржат шеќери, сирупи од пченка или вештачки засладувачи.

Здрава алтернатива: обичен јогурт со парчиња од свежо овошје.

dali-se-hranite-zdravo-2

4. Леб – лебот е достапен за сите и во исто време е вкусен, но не е толку здрав како што мислите. На одреден вид на леб ќе забележите да пишува дека е составен од цели пченични зрна. Ова не значи ништо посебно. И црниот леб исто така содржи сирупи од пченка и вештачки (заситени) масти, па со негово прекумерно конзумирање може навистина да се здебелите.

Здрава алтернатива: намалете ја количината на леб во исхраната.

5. Сендвичи – многу често на некои сендвичи ќе забележите напишано “со ниска масленост”. Ова не значи ништо бидејќи сендвичот содржи салата богата со шеќери, малку зеленчук и протеини и многу бел леб.

Здрава алтернатива: подгответе си сендвичи од дома.

6. Пакуван овошен сок – дури и 100% овошните сокови имаат шеќер како додаток, особено фруктоза. Вишокот на фруктоза предизвикува дебелеење, лош холестерол, лоша контрола врз апетитот и сл.

Здрава алтернатива: пијте домашно подготвени сокови или јадете свежо овошје.

7. Спортски пијалоци – спортските пијалоци најчесто се промовираат како замена за електролити, јаглехидрати и сл. Меѓутоа вистината е дека се работи всушност за зашеќерена вода.

Здрава алтернатива: пијте вода за време на вежбањето, протеини и јагле-хидрати после вежбањето.

dali-se-hranite-zdravo-3

8. Салати од ресторани за брза храна – станува збор за салата богата со шеќери, пржени лепчиња од рафинирано бело брашно или бели тестенини. Понекогаш, подобро е дури да нарачате двоен чизбургер отколку пилешка салата.

Здрава алтернатива: сами подгответе си свежа салата.

9. Замрзнати оброци. Нема ништо лошо во замрзнатиот зеленчук или овошје. Но, на замрзнатите оброци често може да се забележи “со ниска масленост” или “здрава храна”. Вистината е дека станува збор за преработена храна, богата со шеќери и натриум. Ве советуваме да избегнувате замрзната храна.

Здрава алтернатива: гответе ги своите оброци за тековнот ден, навечер или наутро.

10. Диетални газирани пијалоци – диеталната сода содржи вештачки засладувачи како што на пример е контроверзниот аспартман (метил хемиско соединение добиено од природни амино киселини). Проверете колку се здрави овие вештачки засладувачи и одлучете сами дали ќе ризикувате.

Здрава алтернатива: вода, вода со исцеден лимон, зелен чај.

Би можело да ве интересира:

Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите? Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми св...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да ја охрабрам пријателката да не се плаши од развод од сопр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg