Емоциите и здравјето

emocii-koi-vlijaat-na-zdravjeto-povekjeПостојат неколку емоции кои ни ја нарушуваат рамнотежата во животот. Секогаш кога ќе почувствувате една од нив, сетете се дека ништо не е...

 

...вредно за да си го нарушувате сопственото здравје и среќа.

1. Не наоѓање смисла на животот

Во проучувањето учествувале 1.200 доброволци во напредна возраст кои немале психички проблеми во текот на истражувањето. Резултатите покажале дека многу од тие луѓе кои во животот си имале поставено важна цел, живеат подолго.

Луѓето кои си поставиле повисока цел во животот, полесно наоѓаат смисла на живеењето и многу почесто учествуваат во различни дејности кои се сметаат за важни, ијзавила Патриша Бојл од Центарот за лечење на Алцехајмеровата болест во Чикаго. Тие луѓе полесно се опоравуваат од болести на срцето и имаат посилен имунитетен систем.

emocii-koi-vlijaat-na-zdravjeto

2. Цинизам

Циниците кои се наклонети да се потсмеваат на сите и да се однесуваат со недоверба кон останатите, се поподложни на различни заболувања на срцето, тврди научникот Стивен Бојл.

Во истражувањето во кое учество зеле повеќе од 300 ветерани од Виетнам, Бојл установил дека 25% од тие кои се цинични покажуваат поголема склоност кон срцевите заболувања.

Бојл и колегите веруваат дека причина за тоа зголемувањето на нивото на протеинот Ц3 во имунитетниот сѕстем како последица на ваквата емотивна состојба.

3. Стрес

Проучувањето вклучувало околу 700 израелски работници при што е утврдено дека тие кои имале проблеми на работа се два пати повеќе подложни на ризик од заболување на дијабетис.

Според британските научници и унапредувањето не поминува без последици по здравјето Луѓето кои добиле унапредување, за 10% се поподложни на психички растројства. Тие имаат повеќе пари, но и помалку време за скапите лекарски прегледи.

4. Раздразливост

Многу нервозни луѓе кои постојано се обеспокојуваат за било што, се повеќе наклонети кон депресија и живеат пократко.

Ова е резултатот на истражување кое траело цели 30 години во кое биле набљудувани 1.800 лица. Било заклучено дека ако ништо повеќе, невротичните луѓе се повеќе наклонети кон пушењето.

Можеби цигарата ја намалува растроеноста, изјавил Даниел Мрочек од Универитетот во Индијана, но тој краткорочен ефект не може да ги покрие штетните последици од ризикот.

5. Депресија и безнадежност

Депресијата влијае не само социјално, туку и физички. 180 пациенти кои имале натрупување на масти на артериите, спаѓале во групата на огорчени луѓе и умирале порано.

Научниците сметаат дека последица на депресијата е намалување на имуниот систем на организмот.

6. Отсуство на самоконтрола

Извршени се повеќе од 20 истражувања на околу 9.000 уесници. Луѓето кои се релативно добро организирани и кои имаат самоконтрола живеат 2-4 години повеќе од другите.

Научникот Хаурад Фридман од Универитеот во Калифорнија смета дека тие луѓе едноставно помалку пијат алкохол и помалку пушат.

7. Растревоженост

Проучувањата покажуваат дека растревоженоста може да се одрази на работата на мозокот. Наспроти нив, луѓето со помеко однесување имаат помала можност да развијат некаква болест.

Тврдењето се базира на истражување во кое учествувале 500 возрасни луѓе во текот на пет години.

Би можело да ве интересира:

Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен? Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg