Вежби пред ТВ
Секако дека кога се емитуваат рекламите можете набрзина да тркнете до фрижидерот, но денешните рекламни блокови кои траат по 15 минути на секој час...
...се одлична можност да согорите неколку калории. За она што треба да го направите не ви е потребна некоја посебна опрема, доволен е само просторот на подот пред телевизорот.
1. Седи покрај ѕид
Држењето во оваа позиција го зајакнува држењето и квадрицепсите, а со тоа се врши превенција од болка во долниот дел од грбот, колената и колковите. Се што треба да направите е да се потпрете со грбот на ѕид, да се спуштите надолу и да застанете во позиција во која колената ќе ви бидат свиткани под агол од 60 степени. Останете во таа позиција 30 секунди додека трае една реклама.
2. Штица
Ова е одлична вежба за горниот дел од телото. Користејќи ги подлактицата и лактот за да се одржите во позиција за правење склекови задржете се околу 30 секунди и и повторете го тоа колку пати можете во рок од 2 минути.
3. Странична штица
Сврти се кон телевизорот, во стрaнична позиција ставете ја раката под задникот и обиди се да го подигнеш телото одржувајќи се на подлактицата и на стапалата. Запомнете дека телото треба да биде исправено.
4. Стоечки замав
Ако замавнувате поспоро со рацете тогаш интензитетот на вежбата е поголем, а тоа се прави на следниов начин. Направете чекор напред со десната нога, подклекнете под агол од 45 степени и држете така 5 секунди.
Потоа подклекнете под поголем агол од 90 степени и задржете така повторно 5 секунди и вратете се во стоечка позиција. Продолжете да го правите тоа наизменично со двете нозе.