8 работи кои ве прават постари

Се гледате наутро во огледало и гледате голема промена - неколку брчки плус... Ви звучи познато?

8-raboti-koi-ve-pravat-postari_01.jpg

Стареењето никогаш нема да можеме да го контролираме, но можеме да ги контролираме работите кои прават прерано да остареме.

1. Шеќер

Шеќерот ве прави да изгледате изморено и старо. Намирниците како што се бисквити, мафини, разни житарки, па дури и шпагетите содржат висока количина на шеќери кои му пречат на колагенот кој ја одржува еластичноста на кожата.


2. Алкохол

Алкохолот е прави да изгледа бледо заради тоа што го дехидрира организмот. Луѓето кои се изложени на претерано консумирање алкохол може да очекуваат жолта кожа и испукани капилари.


3. Сол

Солта можеби не е директно поврзана со стареењето, но може да влијае на подуеноста на лицето и темните подочници. Затоа избегнувајте ги инстант супите, чипсовите и различните висови на тестенини со сосови.


4. Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи содржат состојки кои го забрзуваат предвременото стареење, односно предизвикуваат лесна појава на дијабетес. Избегнувајте ги зачинетите јадења, гумите за џвакање, чоколадите, овошните сокови и јогурти, ако сакате да ја сочувате младоста малку подолго.

8-raboti-koi-ve-pravat-postari_02.jpg

5. Заситени масти

Со консумирање на премногу заситени масти го забрзувате стареењето, „благодарение“ на хормоните кои се наоѓаат во масното месо и млечните производи.


6. Газирани пијалаци

Постојат многубројни докази дека фосфорната киселина која ја има во газираните сокови допринесува до побрзо стареење. Покрај тоа, контактот на сода со шеќер или засладувач е посебно лоша комбинација за организмот.


7. Нитрати

Нитратите се користат за конзервирање на месото, а се познати како канцерогени супстанци.


8. Глутен

Иако нема многу истражувања кои го потврдуваат овој факт, сепак има неколку докази дека протеинот кој го има во пченицата може да предизвика воспаленија. А воспаленијата понатаму водат до акни, алергии и егземи.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg