Стар природен рецепт против кашлица од само 2 состојки

Ако веќе со денови кашлате и никако не можете да и ставите крај на кашлицата, тогаш обидете се со еден од најпознатите и најделотворните начини за борба против кашлањето - зелка и мед.

najefikasno-prirodno-sredstvo-protiv-kaslica-01.jpg

Состојки:

  • 1-2 листови зелка
  • Мед


Начин на подготовка:

Одвојте еден лист од зелката и ставете го листот да постои неколку минути во врела вода, односно додека да стане топол и мек.

Потоа едната страна намачкајте ја со мед и намачканата страна ставете ја на градите. Преку медот и листот зелка, ставете најлонска кеса и замотајте се со шал или пешкир. Оваа метода на лекување спроведувајте ја пред спиење.

Доколку имате силна кашлица, потребни ви се два листа на зелка, со тоа што едниот ќе го ставите на гради, а другиот на грбот. Облозите се вадат наутро, а лекувањето трае од 5 до 7 ноќи, по што кашлицата исчезнува без траг.


Резултат:

Активните состојки на медот и зелката, како и топлината, допринесуваат во намалување на кашлицата и исчезнување на воспалението. Медот можете да го замените и со топло рицинусово масло. 

Би можело да ве интересира:

Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg