Домашен рецепт кој го лечи болното грло за 4 часа
Како што температурите се намалуваат, настинките, кашлиците и надразнетото грло стануваат секојдневие.
За да не се мачите со болните крајници, тешкото голтање и неподносливите болки, секогаш можете да го решите овој проблем по природен пат.
Потребно е само да набавите мелен ким и да го испробате следниов рецепт:
Преку 80 грама мелен ким прелијте 200 милилитри вода и оставете ја мешавината да зворие.
Ќе добиете густа, растеглива смеса која треба да ја прецедите.
Потоа додајте уште 50 милилитри вода и повторно провријте ја течноста.
Тргнете го садот од рингла, додајте лажица коњак или бренди и претурете го лекот во стаклена тегла.
Консумирајте по 1 лажица од овој препарат на половина час.
Првото подобрување ќе го почувствувате по 2 часа.
Овој лек им се препорачува на сите кои страдаат од редовни настинки и воспаленија на грлото.
Пред консумирањето препорачливо е да се консултирате со лекар.