Што може да ви помогне за да престанете да пушите?
Секој пушач кој се обидел барем на неколку дена да ги остави цигарите, знае колку е тешка борбата со никотинот. Затоа, искористете го овој факт кој сигурно не сте го знаеле.
Пушењето е тежок и сериозен порок кој сепак можете да го победите, и тоа со често внесување на омега-3 масни киселини.
Тие се одличен сојузник во борбата со цигарите, тврдат научниците од Израел.
Неодамна спровеле истражување врз група на пушачи, на кои им давале суплементи и додатоци во исхраната кои содржат омега-3 масни киселини и забележале дека во просек истите луѓе пушеле по 10% помалку.
Недостатокот на омега-3 масни киселини е многу чест ка пушачите, што може да ги оштети нервните клетки. Понатаму, ова оштетување завршува со отежната контрола врз делот од мозокот кој ги регулира желбите и потребите.
- Докажавме дека омега-3 масните киселини се ефикасен сојузник во борбата против пушењето и истиот, за разлика од бројни други препарати, нема несакани појави, вели Шерон Шенкар, докторката која го иницирала ова истражување.
Токму затоа на сите пушачи им се препорачува почесто консумирање на лосо, скуша, сардини, пастрмка, јаткасти плодови, сончоглед и маслиново масло.